Себастијан Ветел вели дека бил "уплашен" од брзината на својот болид, на денешната посебна трка за Големата Награда на Абу Даби:
"Мислам дека денот беше неверојатен, а темпото на болидот во некои фази од трката беше застрашувачко. Се чувствував многу, многу добро на меките гуми и бев во можност да направам добра разлика во првите неколку круга. Мислам дека е неверојатно да се има оваа група на луѓе, која верува толку многу во она што го работат. Да се биде дел од тоа е прекрасно и ме прави горд. Денес беше вистинско задоволство да се вози болидот во секој круг од трката. Нема многу трки кога имате целосна контрола врз болидот, па затоа ова беше посебна трка. Јас не го извлеков максимумот од себе вчера, но затоа го направивме тоа денес."
СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ "УПЛАШЕН" ОД БРЗИНАТА НА СВОЈОТ БОЛИД
11/03/2013 08:52:00 PM
0
Share to other apps