Во Лотус Ф1 се убедени дека Кими Раиконен ќе се трка на последните две трки од сезоната, откако новите инвеститори во овој тим ветиле дека ќе ги надоместат неисплатените плати. Mansoor Ijaz, претседател на конзорциумот на приватни инвеститори кои ќе купат 35 отсто од акциите на тимот, изјави дека разговорите со менаџерот на Кими Раиконен го спречиле штрајкот на Светскиот Шампион од 2007 година. Долгоочекуваниот инвестициски договор треба да биде завршен во следните неколку дена, а се очекува да се потпише договор и со Нико Хулкенберг како замена за Финецот за следната сезона.
"Се сретнав со менаџерот на Кими, Стив Робертсон... Му се извинив на Стив, ние се извинивме на Кими. Имаме намера не само да ги покриеме неисплатените плати на Кими, туку и на сите вработени и нашиот менаџерски тим. Убеден сум дека Раиконен ќе настапи на последните две трки и ќе ги исполни неговите професионални обврски кон нас и ние кон него."
"Ние ќе ги расчистиме долговите, а потоа ние ќе донесеме квалитетни спонзори кои ќе ги видите многу наскоро.Овие спонзори ќе ни дадат долготрајна стабилност и капацитет да се натпреваруваме за врвните места подолго време. Тимот ќе исплати многу сметки оваа недела, и бидете сигурни дека работите ќе се одвиваат што е можно побрзо."
ЛОТУС Ф1 СЕ СРЕДУВА ФИНАНСИСКИ И ПОТПИШУВА СО ХУЛКЕНБЕРГ?!?
11/04/2013 06:41:00 PM
0
Tags
Share to other apps