Од Пирели смируваат и велат дека безбедноста на Формула 1 гумите за 2014 година не е доведена во прашање и покрај денешниот инцидент. Гумите кои ги користел Розберг во тој момент биле само прототипови, кои биле иновативни во однос на структурата и смешите, со цел да се развијат најпогодни решенија за следната сезона. Тој прототип на гуми, едни од десетината донесени во Бахреин, биле тестирани само во лабораториски услови и нема да се користат повторно.
"Безбедноста на гумите кои ќе бидат доставени за следниот шампионат не е доведена во прашање. Инцидентот што се случи со болидот на Розберг е под истрага и наодите ќе бидат доставени до ФИА и тимовите," - изјави италијанскиот производител во своето соопштение.
Нико на својот твитер профил го напиша следниов твит, за подоцна да го избрише:
“Just spun at full speed 320km/h on Bahrain straight cause my tyre blew up without warning. Thanks to that need to get some toilet paper now...”