Лука Марморини, раководителот на мотори и електроника, го имаше главниот збор:
"Како резултат на 2014 прописите, ние веќе не зборуваме за мотори, туку погонски единици. Тоа е многу комплексен проект и ние работевме на тоа во изминатите две години. Срцето на погонската единица е 1.6 турбо мотор и само 100 кг гориво што може да се користи во трка, што значи колку поефикасен мотор, толку повеќе енергија за користење. Покрај турбополначот, ќе имаме и електричен мотор, кој исто така ќе дејствува како генератор, овозможувајќи обновување на енергијата од издувните гасови.
Како што и досега беше веќе случај, вториот електричен мотор ќе ја собира енергијата од сопирањето, и ќе има речиси двојно повеќе моќ од КЕРС-системот што досега се употребуваше. Целата енергија генерирана од страна на електричните мотори ќе се чува во многу поголем и помоќен акумулатор од сегашниот, но сепак ќе биде сместен под резервоарот за гориво. Системот за електронска контрола ќе биде уште пософистициран, за да ги координира и управува сите овие нови електро-механички уреди. Новата регулатива е еден фасцинантен предизвик, кој придава големо значење на системот за обновување на енергијата и на ефикасноста на погонската единица."На крај, Марморини, им се заблагодари на сите вработени за нивните напори за развојот на 059/3, и ги поттикна да дадат се од себе во авантурата на новиот мотор која само што започна. Презентација, беше со тематика, дека минатото и сегашноста го предводат патот кон иднината.
П.С. не барајте слики со висока резолуција, нема такви...
Името на болидот за 2014 година ќе биде избрано во Јануари од страна на милионите фанови на Ферари од целиот свет преку интернет.