Пирели и ФИА го обновија договорот за единствен снабдувач на Формула 1 тимовите со гуми. Времетраењето на договорот е за три години, почнувајќи од 2014 сезона. Управното тело на светскиот мотоспорт и Пирели, во соработка со тимовите, работат заедно за да се подобри нивото на безбедност и ефикасноста во Формула 1. Како резултат на таа соработка е промената на прописите кои се во врска со тестирањето на гумите, што ќе овозможи оваа италијанска компанија да продолжи како единствен снабдувач со гуми.
Овие нови правила, задолжителни од 2014 сезоната, може да бидат сумирани како:
1) Еден од 12-те официјални тест дена пред стартот на сезоната, како што е пропишано во Спортските Прописи за 2014 година, ќе биде посветен исклучиво за гумите за влажно време.
2) Секој тим ќе посвети еден од нивните осум тест дена од сезонските тестирања, како што е пропишано во Спортските Прописи за 2014 година, исклучиво за тестирање на гумите. Ова значи дека во текот на секој од осумте тест дена, најмалку еден тим, а максимум два, ќе се концентрираат на тстирање на гумите, заедно со инженерите на Пирели.Пирели ќе продолжи да ја утврдува спецификацијата на гумите и да управува со сите аспекти од нивниот развој, во блиски консултации со ФИА и Ф1 тимовите, во рамките на параметрите утврдени во Формула 1 Спортските и Технички регулативи.