Според Британскиот Аутоспорт, Џин Хаас, ко-сопственикот на Стјуарт-Хаас наскар тимот е заинтресиран за влез во Формула 1 Шампионатот и работи на формирање на нов американски Ф1 тим. Хас, кој има удел во Стјуарт-Хас тимот, работи со Гинтер Штајнер, поранешен технички директор на Ред Бул и Јагуар, на нов Ф1 проект.
Новиот тим, кој е привремено наречен Haas Racing Developments, има поднесено барање до ФИА за влез во Формула 1. Како што знаеме, ФИА во декември минатата година пбјави дека нуди лиценца за нови учесници во Ф1, кои би можеле да се натпреваруваат од 2015 година.
Штајнер го потврди интересот за нов тим: "Haas Racing Developments побара лиценца и изрази интерес, но во моментов немаме други коментари на оваа тема. ФИА се уште е во процес на донесување одлуки и се уште постои уште еден чекор пред да се додели лиценца."
Хас е сопственик на објекти во Брисел, место кое би можело да стане европска база за овој тим. Тој е исто така сопственик на Windshear воздушниот тунел кој од страна на Ф1 тимовите се користи редовно. Според Аутоспорт, ако проектот добие зелено светло, тогаш тимот, најверојатно, ќе работи заедно со Dallara во изградбата на својот прв Ф1 болид.
Другите потенцијални кандидати за ова место се верува дека се поранешниот Ф1 тимскиот шеф Колин Колес, и Стефан ГП, кој и претходно се имаше пријавено за место во овој спорт.
ХРТ ГО ЗАМЕНУВА ХРД, ЌЕ ИМА ЛИ НОВ Ф1 ТИМ?
1/16/2014 08:43:00 PM
Tags
Share to other apps