Стефано Доменикали, тимскиот директор на Ферари, изјави:
"Убаво е да се знае дека името на 2014 болидот е избрано од страна на нашите фанови. Големиот број на гласови покажува колку сме популарни, а тоа е дополнителен поттик за нас, оваа година да направиме добри резултати!"Пристигнале вкупно 1.123.741 гласови, а победничкото име било за само 19.104 или 1,7%, подобро во однос на F166 Турбо. Другите три имиња на списокот не помина толку добро. Презентацијата на болидот е закажана за утре, Сабота, 25 јануари во 14.30 часот по македонско време.
Во пресрет на утрешната презентацијата, во Маранело, пристигна Ники Лауда, кој беше Шампионот со Ферари во 1975 и 1977 година, а денес е еден од Претседателите на Мерцедес АМГ. Тој се сретнал со Лука ди Монтеѕемоло, кој беше дел од тогашниот победнички тим, а денес ривали во борбата за Светскиот Шампионат. Ники Лауда би требало да го сподели она што еден возач чувствува во пресрет на презентацијата на новиот болид, да изврши евалуација на предизвикот што ги очекува оваа сезона, со многу непознати фактори.
РЕЗУЛТАТИ ОД ГЛАСАЊЕТО
1 | F14 T | 369.711 | 32.9% |
2 | F166 Turbo | 350.607 | 31.2% |
3 | F14 Scuderia | 211.263 | 18.8% |
4 | F14 Maranelo | 138.220 | 12.3% |
5 | F616 | 53.940 | 4.8% |