Истовремено со презентација на Мекларенот, од прес-службата на Лотус Ф1 беше објавена првата фотографија на E22, нивниот болид за 2014 година.
Како и сите гидинашни болиди и тој се истакнува со уникатниот нос, кој е изграден во согласност со барањата на новите технички прописи.
Боите остануваат исти, но има нови спонзори, нафтената компанија PDVSA и рускиот производител на мобилни телефони YotaPhone.
Во меѓувреме, Ерик Булие, даде оставка од местото тимски шеф на Лотус Ф1, а на негово место доаѓа Жерард Лопез.
Лотус полека, но сигурно, паѓа надолу. Шпекулациите се дека Ерик Булие се договорил со Мекларен, да го замени Мартин Витмарш.
ЛОТУС ОБЈАВИ ЕДНА КОМПЈУТЕРСКИ РЕНДЕРИРАНА ФОТОГРАФИЈА ОД Е22
1/24/2014 03:45:00 PM
Share to other apps