Жан Тод, Претседателот на ФИА, пред членовите на WMSC ја потврдил интенцијата на ФИА да се обезбеди просперитетен, прифатлив и спектакуларен Формула 1 Шампионат со долгорочна иднина. На состанокот на стратегиската група за Ф1 кој се одржа вчера, и со кој претседаваше Претседателот на ФИА, а присуствуваа Берни Еклстоун и Ф1 тимовите, сите едногласно се согласиле дека прописите за намалување на трошоците и начинот на нивна контрола да бидат презентирани пред WMSC во јуни 2014 година, со цел нивно воведување во Јануари, 2015 година.
Одобрени се измени и дополнувања на спортските прописи за 2014 година, но, тие треба да се одобрат од страна на комисијата за Ф1 и тимовите. Тие вклучуваат:
- Стјуардите, сега може да изречат казна од пет секунди, која што може да се одработи пред да се започне со работа на болидот при пит-застанувањето.
- Тимскиот персонал, мора да носи кациги за време на квалификациите и на трката.
- Возачите веќе нема да можат да застанат на патеката по финишот на трката за да заштедат гориво, кое е потребно за земање мостри и анализи. Тоа нема да се смета за оправдана причина за запирање на патеката.
- За 2014 година, секој тим ќе располага со шест џокери за прекршување на полицискиот час за работа на болидот, претходно имаа само два. Оваа е со цел да се овозможи поголема флексибилност за работа на новите мотори и болиди.Одобрени се измени и дополнувања на техничките прописи за 2014 година, но, тие треба да се одобрат од страна на комисијата за Ф1 и тимовите. Тие вклучуваат:
- Тежината на болидот, без гориво, не смее да биде помала од 691кг во текот на целиот тркачки викенд. Ограничувањето на тежина е зголемено за 1кг, заради разликата во тежина помеѓу гумите од 2013 и 2014 година.Одобрени се измени и дополнувања на спортските прописи за 2015година, но, тие треба да се одобрат од страна на комисијата за Ф1 и тимовите. Тие вклучуваат:
- Да се смета како конструктор, тимот, сега нема да мора да ги дизајнира и произведува амортизацијата и каналите за сопирачките кои служат за ладење.Одобрени се измени и дополнувања на техничките прописи за 2015 година, но, тие треба да се одобрат од страна на комисијата за Ф1 и тимовите. Тие вклучуваат:
- Минималната тежина на болидот се зголемува за 10кг, на 701kg, за 2015 година.
- Сите уреди за греење на гумите ќе бидат забранети во 2015 година.
- Од безбедносни причини, предниот дел од шасијата нема да биде во можност да се издигнува премногу стрмно наназад од предниот дел на шасијата.