Па така, двата шпански екипажи, на следната 10-та етапа, не само што загубија сè што постигнаа, туку и заостанаа многу, а тоа се должеше на навигациски грешки.
Кога стартуваш прв, не си во можност да следиш ничии траги. Па така на 10-тата етапа најголем добитник беше Насер Ал-Атија, кој повторно се врати на првото место во генералниот пласман.
ПОПОЛНЕТЕ, СПОДЕЛЕТЕ ВО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ
КЛИК ОВДЕ ЗА ГОДИШНАТА Ф1 АНКЕТА
ДА ГО СЛУШНЕМЕ ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ!!!
КЛИК ОВДЕ ЗА ГОДИШНАТА Ф1 АНКЕТА
ДА ГО СЛУШНЕМЕ ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ!!!
Катарецот кој вози Дачија Сендрајдер со погон на сите четири тркала, ја заврши 10-тата етапа на второ место, повеќе од шест минути зад Метју Серадори, кој возеше Сенчури CR7, произведен во Јужна Африка.
Но, во генералниот пласман, Французинот е повеќе од половина час зад Ал-Атија, па затоа не е главен ривал на петкратниот победник на Дакар. Фабричкиот возач на Тојота, Хенк Латеган, е втор со заостанување од 12 минути.
А каде е Карлос Саинц, кој беше втор на крајот од 9-та етапа? За жал, Ел Матадор беше само седми и 39 минути зад Ал-Атија. Себастијан Леб, тимскиот колега на Ал-Атија во Дачија, се искачи на четвртото место.
Во категоријата мотоцикли, исто така, имавме промена на лидерот во генералниот пласман. Австралиецот Даниел Сандерс, фабрички возач на КТМ и минатогодишен победник на Дакар, со право се сметаше за еден од фаворитите и сигурно ги оправда тие очекувања, но до 10-тата етапа.
На 138-от километар во 10-тата етапата, веројатно направи грешка, што резултираше со пад и повреда на левото рамо. Сандерс, некако стигна до целта, но загуби речиси 28 минути од победникот на етапата, Адриен ван Беверен, возач на Хонда.
Американецот Рики Брабек, кој исто така вози Хонда, сега води во генералниот пласман. Тимот на КТМ сè уште има шанси, но нивните надежи сега не се насочени кон Сандерс, туку кон Аргентинецот Лучијано Бенавидес, кој е на второто место, помалку од една минута зад Брабек.
Во категоријата Челинџер, етапата ја освоија Холанѓаните Пол Спирингс и Јан-Петер ван дер Штелт, натпреварувајќи се во лесен теренец Таурус Ево Макс, а шпанската екипа на Пау Наваро е водечка во оваа класа.
Меѓу возачите на ATV, Американецот Брок Хегер повторно најдобро ги надмина предизвиците, освојувајќи ја својата петта етапна победа и цврсто држејќи го водството во класата SSV.
За потсетување, тој и неговиот совозач Макс Еди се натпреваруваат за тимот на Себастијан Леб.
Имавме промена на лидерот и во најтешката категорија. По девет етапи, екипажот на Холанѓанецот Мичел ван ден Бринк лесно го држеше водството, но на 10-тата етапа, по само 16 изминати километри, имаа пех со кршење на една од погонските оски на нивниот камион.
Екипажот го реши проблемот, но проблемите продолжија. На 286 километри, нивниот камион Дакар EVO4 едноставно се заглави во песокот на саудиската пустина, а Мартин Масик, чешкиот возач кој го предводи тимот MM Technology за кој настапува ван ден Бринк, мораше да ги спасува.
Екипажот со број 601 сега падна на третото место по десет етапи, 35 и пол минути зад новиот лидер, литванскиот возач Ваидотас Жала. Чешкото трио, управувано од искусниот Алес Лопраис, се искачи на второто место, откако забележа две последователни етапни победи.
Финишот на релито се ближи, а денес, сите што се уште се во трката ќе мора да поминат 346 км мерени делници, и сосема е можно некои повторно да не можат да избегнат навигациски грешки.
Еве што напишаа организаторите на Дакар за ова: "Тешкотиите на етапата не се поврзани со теренот, но бројните раскрсници можат брзо да се претворат во лавиринт. Вашите најдобри сојузници ќе бидат прецизноста и концентрацијата..."
Секако, секогаш е полесно да се даваат совети, но ако се земе предвид заморот и на луѓето и на опремата, следењето на овие препораки ќе биде доста тешко.













