Пред еден месец се појави видео снимка за која се веруваше дека модифицираниот модел на Ферари "LaFerrari supercar" се користи за тестирање на новиот Ф1 V6 турбо мотор на нивната патека Фиорано. Германскиот Ауто мотор унд спорт сега деновиве објави повеќе детали, со фотографии на кои автомобилот е исфарбан со камуфлирана шара, на кој има голем вшмукувач на воздух на покривот. Автомобилот исто така имал огромен заден спојлер. Според дописникот на германскиот весник, очигледно е дека колата не била придвижувана со својот вообичаен V12 мотор, туку со помал турбо мотор.
Повеќето аналитичари сметаат дека Ферари го тестира својот нов турбо V6 мотор за Формула 1 Шампионатот, но бидејќи од Ферари нема да излезе официјално соопштение за овие тестирања, како втора можност се шпекулира дека Ферари црврсто се решени да направат победнички автомобил за Победа на 24 часа Ле Ман. А може да бидат и двете шпекулации точни. Ферари подготвувајќи нов автомобил за Ле Ман, притоа тестирајќи ја новата погонска единица за Ф1 болидот, која би се користела и во двата Шампионати.
На автомобилот се гледаат триаголни, жолти, налепници за предупредување кои обично се користат за висок напон, што асоцира дека на автомобилот најверојатно се тестираат и електричните системи за новата технологија која ќе се користи во 2014 Ф1 сезоната. Модифицираниот LaFerrari, секако наликува на замаскиран 2014 болид со вшмукувачот на воздух и централно поставениот ауспух.