Од тимот на Заубер стигна веста дека потпишале договор со Симона де Силвестро, 25-години, која во текот на изминатите четири години возеше во Индикар шампионатот. Во 2010 година на престижната Инди 500 трка ја освои наградата - Дебитант на годината, и стана првата жена која се пласирала на подиум на уличната патека во Индикар.
Оваа година таа го презема следниот чекор во својата кариера, со приклучување кон подготвителна програма со Заубер Ф1, која ќе и обезбеди супер лиценца и ќе ја подготви за возачко место во Формула 1 за 2015 година. Програмата ќе вклучува тестирање на патека, обука на симулатор, како и ментална и физичка подготовка.
Мониша Калтерборн, тимски шеф:
"По четири години во Индикар, амбиција на Симона е да влезе во Формула 1 во 2015 година. Ние ја сметаме како многу талентиран возач, и затоа одлучивме да ја земеме под наше старателство, со што ќе ја има нашата поддршка на нејзиниот пат кон врвот на мотоспортот."Симона Де Силвестро:
"За мене ова е голем чекор кон постигнување на мојот животен сон и јас сум многу среќна што толку голем тим ми ја даде оваа можност. Заубер Ф1 е тим со историја и единствениот швајцарски тим во Формула 1, што мислам дека го прави ова уште повозбудливо. Не можам со зборови да искажам колку сум им благодарна на Мониша Калтенборн и Петер Заубер за нивната поддршка и верба во моите способности. Јас сум воодушевена што ја имам оваа исклучително уникатна платформа на која можам да се подготвам себе си во врска со овој предизвик."