Be prepared for Martini in Formula 1!!!
Мартини, еден од најпознатите спонзори на моторните спортови, оваа сезона ќе ги донесе нивните бои во Формула 1 Шампионатот преку тимот на Вилијамс Ф1. По неколку месеци шпекулации кои сугерираа за Мартини и Вилијамс, потврдата стигна од официјалната веб продавница на која се продава брендирана опрема на Ф1 тимовите, и на која за кратко време се појавија слики на Мартини брендирана маица на Вилијамс Ф1, но за кратко време беше отстранета. Со доаѓање на Мартини како главен спонзор на тимот ќе следи целосно ребрендирање на Вилијамс болидот. Мартини својата слава ја доби како поддржувач на Брабам Ф1 тимот, кој во 1975 година се покажа како главен играч во овој спорт. Незаборавното партнерство трае до крајот на 1977 година. Со Вилијамс Ф1 ќе го имаат својот кам-бек во Ф1 како целосно брендиран Ф1 болид од 1978 година.
Мартини во Ф1 последен пат беше спонзор на Ферари од 2006-2008 година, но во тоа време, неговите логоа имаа мало присуство на нивните болидите. Според Аутоспорт, одлуката на Мартини за да го спозорира Вилијамс Ф1, била донесена по разговорите со голем број од водечките тимови, вклучувајќи ги Мекларен и Ферари, за спонзорски договор. Но, на крајот Мартини не можел да одолее на атркативната понуда за главно спонзорство од Вилијамс, која би повлекла и преименување на тимот во Вилијамс Мартини Ф1.
За разлика од некои тимови, Вилијамс има слатки маки за одредување на позицијата на која ќе стојат логоата на многуте заинтересирани спонзори. Пред некој ден беше објавена соработката со осигурителна компанија Genworth, а наскоро ќе биде објавен и договор со Петробрас, кој доаѓа поради Фелипе Маса. Официјалните претставници на Вилијамс одбиваат да коментираат нивното партерство со Мартини и неколку пати излегуваат со сооптштенија дека нивниот "дрес" за оваа сезона ќе биде откриен пред првата трка во Австралија.