Според тековните правила, првите 10 возачи мора да ја започнат трката со сетот на гуми со кој го забележуваат нивното најдобро Q3 време. Тоа доведува до ситуации каде што возачите избраат да ја поминат последната квалификациска сесија во гаражата, бидејќи тоа им дава слободен избор на гуми, што оди во корист на нивната стратегија за трката. Британскиот Аутоспорт најави дека Ф1 тимовите и ФИА ќе разговараат за итна преформулација на овие квалификациски правила за да се зголеми интересот за Формула 1 кој е во континуиран пад. Управителното тело за моторни трки на ФИА договорило средба со менаџерите на тимовите за 21 Февруари, т.е за време на следната тест сесија во Бахреин, за да разговараат за промена на форматот на квалификациите за 2014 година.
Овој потег е поради загриженоста која била изразена на неодамнешната средба на стратегиската група за Ф1 дека возачите во 2014 сезоната можеби ќе бидат посклони кон "преспивање" на Q3 сесијата, во обид да ги зачуваат своите гуми за трката. За да се спречи да гледаме неинтересни квалификации, Стратегиската група побарала од тимовите и ФИА да дискутираат за идеи со кои би се натерале возачите да атакуваат на најбрзото време во Q3, а не да мислат кон зачувување на своите гуми.
Веќе имало и некои предлози како на пример, 10-те возачи кои ќе се пласираат во Q3 да ја започнат трката со гумите со кои го постигнале најдоброто време во Q2 сесијата. Тоа би значело дека нема да има потреба да ја прескокнат Q3 сесијата. Исто така, постои идеја да им се дадат дополнителни сетови на гуми на возачите за последната сесија, кои потоа би и биле вратени на ФИА. Пирели бил согласен да донесе такви дополнителни сетови на гуми, ако тоа биде побарано од нив. На состанокот ќе биде дискутирано за продолжување на времетраењето на Q3 за да се обезбеди доволно време за Топ 10 возачите да комплетираат два брзи круга.
Ако се предложат какви било промени на правилата за оваа сезона, тогаш тие треба да бидат потврдени едногласно од сите тимови на состанокот. Ако се обезбеди таква поддршка, правила ќе бидат официјално ратифицирани од страна на комисијата за Ф1 на Светскиот совет за мотоспорт на ФИА, кој би се одржал пред стартот на сезоната во Австралија на 16 март.
Но, отворена е можноста, некои тимови да гласаат против, ако почувствуваат дека новите правила ќе наштетат на нивната конкурентност.
НАЈАВА ЗА НОВИ ПРОМЕНИ ВО ФОРМУЛА 1
2/06/2014 06:23:00 PM
Tags
Share to other apps