Главен настан од изминатата недела е промотивниот ден на Лотус Ф1 во Херез, каде нивниот 2014 болид, Е22, успеа да ги комплетира максимум дозволените 100км, и тоа без некои поголеми проблеми. На овој настан беа присутни и претставници на Ф1 тимовите кои се корисници на Рено погонските единици, да се уверат дека производителот направил напредок во решавањето на неодамнешните проблеми кои се појавија на тест сесијата во Херез.
По овој настан се зголемија и шпекулациите за новиот тимски шеф на Лотус Ф1, кој би требало да биде поставен пред стартот на втората тест сесија во Бахреин. Според медиумите најголеми шанси за тоа место ги има Оливие Кенел, поранешниот мотоспортот шеф на Цитроен и Пежо.
Кристијан Хорнер, тимскиот шеф на Ред Бул, е убеден дека нема големи проблеми со болидот за оваа сезона и покрај неговите разочарувачки перформанси во текот на првата пред сезонска тест сесија во Херез, но, вели дека овие болиди се толку комплицирани што дури и малите проблеми може да предизвикаат големи проблеми.
Берни Еклстоун е спремен да се клади дека случајот каде што тој се соочува со обвиненија за поткуп, поврзан со улатата на 45.000.000$ на сметка на германскиот банкар Герхард Грибковски, нема да стигне до судска постапка.
Мекларен, својот иновативен LCD дисплеј, ќе го доставува на повеќе Ф1 тимови во 2014 година. Дисплејот можеше да се забележи на воланите на повеќе тимови пристуни во Херез, вклучувајќи ги тука Мерцедес АМГ и Ферари. Користењето на овој мулти-функционален дисплеј, на кој има предупредувачки светла за промена на брзините и графички податоци за возачите, не е задолжително, а неговата ознака е PCU-8D.
#MkFormula1: ПОВАЖНИ ВЕСТИ ОД ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА
2/10/2014 03:48:00 PM
Share to other apps