Нови спонзори доаѓаат, но и старите се обновуваат!!!
Вилијамс објави дека го продолжил договорот со својот долгорочен партнер, Oris, Швајцарска компанија за производство на часовници.
Ова ќе биде 12 сезона на Oris како официјален партнер на Вилијамс Ф1. За 2014 година, логото на Oris ќе има нова позиција на носот на болидот, исто како и на целокупна тимска облека и останата галантерија.