Њуи, главниот дизајнер на Ред Бул, потврди дека најголемиот проблем на тимот бил што топлината од издувните гасови ја запалувале каросеријата, а тоа било проблем и на останатите тимови клиенти на Рено.
"Тоа е проблем кој се надевам дека го елиминиравме за тест сесијата во Бахреин. Главна причина за овој проблем беше недостаток на време и кој ќе беше решлив во нашата работилница, ако успеевме да го склопиме целиот болид порано. Од Рено доцнеа со нивниот равој, ние не ги изработивме сите деловите на време, но мислам дека ако имавме уште неколку недели на располагање, сите овие проблеми ќе беа решени без знаење на јавноста. Но, за жал се тоа беше направено во јавноста."
"Проблемите на Ред Бул се резултат на агресивниот дизајн на болидот, а ние мислевме дека е потребно да превземеме поголеми ризици за да добиеме добра целина, која ќе ја минимизира аеродинамичката штета на многу големите побарувања за ладење. Се чини дека Рено погонската единица има особено големи побарувања за нејзино ладење."
"Сите три производители на погонски единици имаат различни барања за тоа колку топлиот воздух треба да се излади за нивна непречена работа, а од Рено ни дадоа прилично предизвикувачки лимит. Тоа ќе има свои предности, но не е лесна задача да се постигне се тоа да работи како треба. Радијаторите потребни да се излади топлината од турбото и сите останати електрични уреди, како акумулатори, електро моторите, централната компјутерска единица, треба да бидат речиси двојно поголеми од минатата година. Па, да се созададе нов болид, без да се загрози аеродинамиката е премногу голем предизвик."