Првиот тест ден беше исклучително тивок, со само 93 комплетирани круга, од осум возачи и болиди. Последниот ден беше најпрометен ден од тест сесијата, со 688 круга. Во Херез видовме вкупно 22 возачи, кои извозеа 1470 круга и 6509 километри, за разлика од минатата година, кога имавме 3531 круга и 15.634 километри. Кевин Магнусен го забележа најбрзо време од 1:23.276 во четвртокот, кое е за 5.5 секунди побавно од најбрзо време забележано минатата година од страна на Фелипе Маса со Ферари.
МЕКЛАРЕН - ПРВА ПОЗИТИВНА РАБОТА ЗА Ф1
Мекларен, несомнено, е тимот кој покажа најмногу и беше пријатно изненадување, особено по нивната слаба 2013 сезона. MP4-29 започна со проблеми со електрониката, го пропушти првиот ден, но, потоа во следните денови се работеше како што треба и на високо ниво, а Мерцедес погонската единица се покажа како најдобра. Џенсон Батон го постави најбрзото време во средата, додека тимскиот колега Кевин Магнусен го следеше неговиот пример веќе следниот ден, кога го забележа најбрзото време на денот и целата тест сесија. Кога еден дебитант се чуствува одлично во МП4-29 и веднаш забележува врвни времиња, покажува конзистентност при подолгите стинови, може да кажеме дека во Мекларен добро ја завршиле својата домашна задача. Уникатниот дизајн на задната амортизација го привлече вниманието на ривалите, кои се сомневаа во нејзината легалност. Иако ова беше само тест, може да кажеме дека Мекларен се враќа меѓу најдобрите тимови, што е добро за Формула 1.
РЕД БУЛ - ВТОРА ПОЗИТИВНА РАБОТА ЗА Ф1
Ред Бул е најголемото разочарување на оваа сесија, но не по своја вина, туку поради Рено погонските единици, во кои ЕРС-системот и комплицираната електроника никако не можеа да се изладат на поднослива температура за непречена работа. Себастијан Ветел и Даниел Рикиардо комплетираа само 21 круг, и ниту еден во еден момент не беа во близина на конкурентни времиња. Најдоброто забележано време беше 15 секунди побавно од најбрзото, но возачкото дуо на Ред Бул смета дека се ќе биде во ред за втората тест сесија во Бахреин. Ние, се сложуваме со констатацијата на Фелипе Маса, дека би требало да бидат загрижени, но од друга страна имаат големи ресурси на располагање и се може да биде навреме решено. Да, поднасловот не е згрешен, завршување на доминацијата на Ред Бул е позитивна работа за овој спорт.
МЕРЦЕДЕС АМГ, ФЕРАРИ - ТРЕТА ПОЗИТИВНА РАБОТА ЗА Ф1
Ферари остави прилично позитивен прв впечаток, но тоа и го очекувавме од нив. Враќањето на Кими Раиконен е добро, што се покажа со најбрзото време поставено од него веќе на првиот тест ден. Но, Ф14 Т на моменти застануваше на патеката поради проблеми, кои продолжија и кога Фернандо Алонсо седна зад воланот. Тоа беа минорни проблеми, за разлика од тимот на Ред Бул, па Италијанскиот тим беше втор по комплетирани круга, зад Мерцедесот на Нико Розберг и Луис Хамилтон, кој работеше прилично глатко цела недела, без никакви проблеми. Единствено, Британецот, како и мината сезона ги сефтоса бариерите во Херез, кога неговото предно крило испадна при голема брзина. Нико Розберг беше единствениот возач кој комплетираше симулација на цела една трка, па може да се каже дека тие се далеку понапред од Ферари и Рено во смисла на разбирање на комплексните 2014 погонски единици. Тимови од кои треба да очекуваме многу и оваа сезона, што секако е добра работа за Формула 1.
СИТЕ ОСТАНАТИ ТИМОВИ
Од тимовите кои очекуваме да бидат во средината на поредокот, Вилијамс FW36, во рацете на Валтери Ботас и Фелипе Маса, покажа дека можеби може да се вмеша во борбата за повисок пласман, по продуктивната тест сесија за нив. Имаше многу насмевки на лицата во гаражата на овој тим, откако видоа дека ја донесле вистинската одлука за промена на Рено со Мерцедес. Како и повеќето тимови придвижувани од Мерцедес погонските единици, Вилијамс произведува добра бучава, со појасен звук од нивните ривали, Ферари и Рено, кои имаат потивки погонски единици.
Новиот болид на Форс Индија со новиот изглед во кој доминира црната боја, веднаш паѓа во око и е лесно препознатлив на патеката, за разлика од болидите на Мерцедес АМГ и Мекларен, кои тешко се распознаваат при поголема брзина. Адријан Сутил и Естебан Гутиерез, имаа проблеми со привикнувањето на новиот болид на Заубер, C33, т.е. од новиот систем за сопирање и агресивната природа на турбокомпресорот, па во повеќе наврати завршија заглавени во песокот покрај патеката. Заубер немаше позначајни технички проблеми, но, исто така, не не импресионираа со нивните перформанси.
Торо Росо, се префрли на Рено погонските единици за 2014 сезоната во обид да се усогласат со Ред Бул, но, ни тие најверојатно не очекуваа дека ќе комплетираат само 54 круга во текот на четирите тест дена. Сепак тоа е повеќе од тимот на Ред Бул. Болидот на Марусија, MR03, во Херез пристигна во средата попладне, а своето деби го имаше со Макс Чилтон во четвртокот, кога тој извозе пет круга без проблеми. Жил Бјанки го презеде воланот во петок и комплетираше 25 круга, повторно без проблеми. Катерам и CT05 се појавија во вторникот попладне, а тоа можеби е болидот со најнеубавиот нос кој ќе го гледаме оваа сезона. Маркус Ериксон, Робин Фријнс и Камуи Кобајаши комплетираа најголем број кругови од тимовите со Рено погонска единица.
Единствено од Лотус Ф1 одлучија да ја прескокнат тест сесијата во Херез и нивниот 2014 болид, E22, ќе биде презентиран пред, а ќе дебитира на следниот тест во Бахреин, кој ќе се одржи од 19-22 Февруари.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Кевин Магнусен Мекларен 1:23.276
2. Фелипе Маса Вилијамс 1:23.700 + 0.424
3. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:23.952 + 0.676
4. Џенсон Батон Мекларен 1:24.165 + 0.889
5. Кими Раиконен Ферари 1:24.812 + 1.536
6. Валтери Ботас Вилијамс 1:25.344 + 2.068
7. Фернандо Алонсо Ферари 1:25.495 + 2.219
8. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:25.588 + 2.312
9. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:26.096 + 2.820
10. Серџо Перез Форс Индија 1:28.376 + 5.100
11. Даниел Хункадеља Форс Индија 1:29.457 + 6.181
12. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:29.915 + 6.639
13. Адријан Сутил Заубер 1:30.161 + 6.885
14. Жил Бјанки Марусија 1:32.222 + 8.946
15. Естебан Гутиерес Заубер 1:33.270 + 9.994
16. Маркус Ериксон Катерам 1:37.795 + 14.519
17. Себастијан Ветел Ред Бул 1:38.820 + 15.544
18. Камуи Кобајаши Катерам 1:43.193 + 19.917
19. Дањил Квјат Торо Росо 1:44.016 + 20.740
20. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:45.374 + 22.098
21. Робин Фријнс Катерам без поставено време
22. Макс Чилтон Марусија без поставено време
П. ВОЗАЧ ТИМ КРУГА КИЛОМЕТРИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 188 832
2. Фернандо Алонсо Ферари 173 766
3. Кевин Магнусен Мекларен 162 717
4. Фелипе Маса Вилијамс 133 588
5. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 121 535
6. Адријан Сутил Заубер 103 456
7. Џенсон Батон Мекларен 83 367
8. Даниел Хункадеља Форс Индија 81 358
9. Кими Раиконен Ферари 78 345
10. Естебан Гутиерес Заубер 60 265
11. Камуи Кобајаши Катерам 54 239
12. Серџо Перез Форс Индија 48 212
13. Жан-Ерик Верн Торо Росо 45 199
14. Валтери Ботас Вилијамс 42 185
15. Жил Бјанки Марусија 25 110
16. Нико Хулкенберг Форс Индија 17 75
17. Маркус Ериксон Катерам 12 53
18. Себастијан Ветел Ред Бул 11 48
19. Робин Фријнс Катерам 10 44
20. Даниел Рикиардо Ред Бул 10 44
21. Дањил Квјат Торо Росо 9 39
22. Макс Чилтон Марусија 5 22
П. ТИМ КРУГА КИЛОМЕТРИ
1. Мерцедес АМГ 309 1368
2. Ферари 251 1111
3. Мекларен 245 1084
4. Вилијамс 175 774
5. Заубер 163 721
6. Форс Индија 146 646
7. Катерам 76 336
8. Торо Росо 54 239
9. Марусија 30 132
10. Ред Бул 21 92
П. ПРОИЗВОДИТЕЛ КРУГА КИЛОМЕТРИ
1. Мерцедес 875 3874
2. Ферари 444 1966
3. Рено 151 668