Ландо Норис го зголеми водството во шампионатот на возачи со победата на спринтот за Големата Награда на Сао Пауло.
Возачот на Мекларен доминираше од почетокот до крај, и додека Макс Ферстапен успеа да се пласира само на четвртото место, Оскар Пјастри заврши во бариерите и не успеа да освои поени.
Драматичен Спринт со различни гуми, битки на патеката, инциденти, па дури и црвени знамиња.
Норис имаше добар старт и не даде шанса на никого за престигнување, па на крајот ја обезбеди својата трета Спринт победа.
Овие осум бода, споредени со само петте на Макс Ферстапен и нулата за Оскар Пјастри, значат дека Шампионатот на возачи почнува да добива британски призвук, бидејќи Ландо сега има девет бода предност пред својот тимски колега и 39 пред четирикратниот шампион.
Кими Антонели имаше супер деби на патеката Интерлагос, завршувајќи веднаш зад Ландо Норис, држејќи го зад себе поискусниот тимски колега, Џорџ Расел на третото место.
Како што напоменавме, Макс Ферстапен само 4-ти и само 5 поени. Чарлс Леклер во последните моменти од "долгиот" спринт го претекна Фернандо Алонсо за 5-тото место, Луис Хамилтон не можеше да го направи тоа и остана на 7-мо место.
Пјер Гасли, пак, го освои последниот достапен поен со осмото место.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ, 19:00 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Ландо Норис е во одлична состојба. Не само во неговите перформанси, туку и во она што се случува околу него. Австралијанецот во петтиот круг, изгуби контрола врз Мекларенот и удири во заштитните бариери, откако помина низ вода на внатрешниот раб на третиот свиок.
Причина за вода на патеката беше Ландо Норис, кој по стопирањето на спринтот и од рестартот, остана само да размислува за одбрана од Кими Антонели.
Италијанецот се справуваше брилијантно со незгодниот Интерлагос, искористувајќи ја поголемата конзистентност на жолтите гуми, при тоа обидувајќи се да го престигне Норис, кој, сепак, има премногу супериорен болид за да биде победен.
На спринт подиумот денес се искачи и Џорџ Расел со болидот на Мерцедес АМГ, кој викендов е втор најбрз тим во Бразил.
Макс Ферстапен заврши четврти. Актуелниот шампион ја ограничи штетата најдобро што можеше, но однесувањето на РБ21 не му дава надеж дека може да се бори за нешто повеќе во остатокот од викендот.
Ферари заврши во топ пет пласман со Чарлс Леклер, кој успеа да го престигне Фернандо Алонсо, кој беше борбен како и секогаш, дури и на рестартот против Ферстапен.
Луис Хамилтон заврши седми по одличниот старт, но останува разочарувањето по вчерашната елиминација во SQ2 сесијата.
Алпин исто така освои бод благодарение на одличниот Пјер Гасли, додека Франко Колапинто повторно заврши во заштитните бариери, излетувајќи на истото место како Пјастри и Нико Хулкенберг.
Габриел Бортолето имаше страшен инцидент на крајот од спринтот, удирајќи во бариерите со 300 км/ч на крајот од стартно-целниот правец.
Фаворитот на домашната публика е добро, но е однесен во медицинскиот центар на превентивен преглед.
Лекарите му дадоа зелено светло за настап на квалификациите, но неговите механичари ќе бидат во рка со времето да го состават неговиот Заубер.
Следно на програмата се Квалификациите, кои се закажани за 19 часот по Македонско време, и на кои ќе се одреди стартниот поредок за утрешната трка, закажана за утре во 18 часот.
НОРИС ПОБЕДНИК НА СПРИНТОТ, ПЈАСТРИ ВО БАРИЕРИТЕ
11/08/2025 02:33:00 PM
0
Share to other apps








