Големата Награда на Мексико Сити ветува дека ќе биде една од поинтересните трки за оваа година, барем на хартија.
Со убедлив Ферари на квалификациите, овој пат навистина целејќи високо, можеби дури и за првата победа во оваа 2025 сезона. Никогаш порано не сме виделе два болиди на Ферари на првите три места во квалификациите.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРКАТА, 21:00 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Макс Ферстапен вели дека RB21 нема грип, ништо не функционираше на квалификациите, вели дека не очекува ништо подобро ни на трката.
Оскар Пјастри, лидерот во шампионатот, се снајде уште полошо, не можејќи да го извлече најдоброто од истиот Мекларен со кој Норис стигна до Пол позицијата.
Дали неговиот проблем е повеќе психички, отколку механички. Тој ќе стартува седми благодарение на казната на Карлос Саинц Јр., кој беше пред него.
Сепак најдоброто допрва доаѓа, бидејќи помеѓу стартната линија и точката на сопирање за првиот свиок има речиси 800 метри правец, на кој заветрината може многу да помогне некому.
Ландо Норис се наоѓа во подем и е желен да го преземе водството во шампионатот, има победничко темпо, но мора да остане напред по секоја цена за да избегне проблеми, додека Леклер, Хамилтон и Расел немаат што да изгубат и можат да преземаат повеќе ризици.
Проблемот, за сите, е прегревањето, како на ПЕ, така и на пневматиците и сопирачките.
Луис Хамилтон сонува за пласман на подиумот, Леклер за првата победа на Ферари за оваа сезона. Цел свет навива за Макс Ферстапен, кој ја зачини годинешната битка за титулата.
Осамениот херој кој ги предизвикува фаворизираните возачи на Мекларен за својата петта титула. Мексико Сити го подржува како да е локален миленик.
Не е само фактот што Макс ја намали разликата со Пјастри од 104, во Холандија, на 40 поени, туку и начинот, односно агресијата, пркосот на логиката, што ги карактеризира неговите најнови подвизи.
Одеднаш, сите оние што го мразеа поради неговата прекумерна агресија, неговите арогантни изјави почнаа да го сакаат затоа што Ферстапен, сам, успеа да го спаси натпреварувачкиот аспект на Формула 1, односно суштината на трките поврзани со смели подвизи, кои остануваат во колективната меморија.
Важна карактеристика на патеката Браќа Родригез е нејзината голема надморска височина. И ако надморска височина од 2285 метри нема речиси никакво влијание врз ефикасноста на хибридните централи, тоа ќе има многу радикален ефект врз аеродинамиката.
Тимовите ги подесуваат своите болиди за максимално ниво на потисна сила, но поради реткиот воздух вистинската сила на потиснување ќе биде помала отколку во Монца.
Тешко е да се претекнува на патеката во Мексико, па добриот настап многу зависи од стартната позиција, добриот старт и оптималната стратегија.
Патеката Браќа Родригез, со должина од 4.304 км. е втората најкратка во Ф1 календарот по Монте Карло. Растојанието од 811 метри од Пол позицијата до првиот свиок е најдолг во Ф1 календарот и 9.6 секунди од него се поминуваат со полн гас.
Пред враќањето на ГН на Мексико, патека со најголема надморска височина беше Интерлагос во Бразил, со 800 метри. Но, и покрај големата надморска височина, патеката е една од најрамните, со промена на елевацијата од само 2.8 метри во текот на целата нејзина должина. Само Мелбурн има помала промена во елевацијата.
Реткиот воздух исто така значи дека ладењето на болидот е помалку ефикасно, така што ПЕ и сопирачките работат на поголеми температури. Последиците се помала потисна сила и помал отпор на воздухот.
Болидите користат задни крила подесени еквивалентно на Монако, но и покрај тоа, вистинската потисна сила на болидите е поблизу до нивоата што се забележуваат во Монца. Поради овие фактори, во Мексико се бележат едни од најголемите брзини на Ф1 болидите, кои достигнуваат над 350 км/ч.
Најбрзата стратегија со која може да се пријде на Големата Награда на Мексико Сити, која се состои од 71 круг, е таа со едно застанување за промена на гумите.
Марио Изола, Пирели: "Условите на патеката и деградацијата на гумите на саботниот тренинг беа многу слични на петокот. Во квалификациите еволуцијата на патеката беше значителна."
"Оние возачи кои стигнаа до првиот свиок, по километарскиот правец, со гуми на вистинска температура преку предната оска, дефинитивно имаа предност. Температурата пак на задните гуми беше клучна за последниот сектор и добивање драгоцени стотинки."
"Температурата на патеката, која би можела да достигне 50°C, ќе биде клучен фактор кога станува збор за правилен избор на стратегија со цел управување со термичката деградација."
"Бидејќи ниеден возач не зачува два сета жолти гуми, речиси е сигурно дека стратегијата со еден пит-стоп ќе биде најпопуларниот избор за трката."
"Жолтите гуми се покажаа како најдобар избор за овој викенд и стартувањето на нив отвора барем неколку опции. Доколку возачите можат да го продолжат својот прв стинт помеѓу 42 и 48 круг, тие би можеле да преминат на црвените гуми до крајот на трката."
"Од друга страна, ако падот на перформансите на жолтите гуми е превисок, можно е префрлање на белите гуми помеѓу 26 и 32 круг. "
"Старт на црвените гуми би можело да даде почетна предност во однос на грипот, но големата количина на гориво во болидот, ќе бара од возачот да го контролира тркачкото темпо. Во оваа ситуација, префрлувањето на жолтите гуми би се случило помеѓу 23 и 29-от круг, или ако се претпочитаат белите гуми, помеѓу 20 и 26 круг."
"Конечно, во теорија, може да се разгледа и стратегија со две застанувања во бокс, со црвени-жолти-црвени гуми, која што симулира слично вкупно време на трката како и стратегијата со еден пит-стоп."
"Сепак, тешкотијата при престигнување на оваа патека, значи дека ова е навистина одржливо само на хартија."
Според временската прогноза, воздухот до почетокот на трката ќе се загрее до 26 степени, со минимална облачност и слаб ветер од северен правец. Не се очекуваат врнежи од дожд.
Стјуардите на Големата Награда на САД го прегледаа судирот помеѓу Карлос Саинц Јр. и Кими Антонели во 15-от свиок. Инцидентот го испрати Кими на крајот од поредокот, додека Карлос се откажа.
Откако ги разгледаа околностите на инцидентот и ги сослушаа возачите, стјуардите утврдија дека Карлос Саинц Јр. е виновен за судирот и го казнија со 5 стартни позиции за денешната трка.
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА МЕКСИКО СИТИ ГРАН ПРИ
10/26/2025 03:01:00 PM
0
Share to other apps








