По постигнатиот договор помеѓу Пирели и 11-те Формула 1 тимови, и со одобрение на ФИА, денес е објавен календарот и распоредот на тимови кои ќе ги тестираат гумите за следната сезона.
Бахреин Тест |
(8-9 Април) |
Ден 1 | КАТЕРАМ |
Ден 2 | МЕРЦЕДЕС АМГ И ВИЛИЈАМС |
Барселона Тест | (13-14 Мај) |
Ден 1 | ЗАУБЕР И ТОРО РОСО |
Ден 2 | МЕКЛАРЕН И ФОРС ИНДИЈА |
Силверстоун Тест | (8-9 Јули) |
Ден 1 | ФЕРАРИ И ЛОТУС |
Ден 2 | РЕД БУЛ И МАРУСИЈА |
Договорот, кој e финализиран во текот на последната пред-сезонска тест сесија во Бахраин, предвидува дека секој тим ќе посвети еден ден во годината исклучиво за тестирање на најновите гуми на Пирели, во рамките на однапред дефиниран тест календар. Дефиницијата на овие развојни тестови е договорена од сите инволвирани страни.
По завршување на сезоната ќе има дополнителни два тест дена во Абу Даби, 25-26 Ноември, на кои Пирели ќе обезбеди прототип гуми за сите Ф1 тимови како подготовка за 2015 сезоната.