Мелбурн отсекогаш билa многу тешка патека за Ф1 болидите, но оваа година таа ќе биде уште поголем предизвик со тркачкото деби на новите 2014 болиди кои имаат сосема редизајнирани и комплексни погонски единици. Некои од главните карактеристики на Алберт Парк ќе претставуваат и најголем предизвик - тесни кривини и кратки области на забрзување. Повеќето кривини се поминуваат со средна или ниска брзина, што значи поголемо оптоварување на сопирачките. Тие имаат нов систем на работа т.н. "Brake by Wire", на кој одредени возачи се уште не можат да се навикнат. Позитивната страна е што силното сопирање ќе даде повеќе можности за полнење на акумулаторот на ERS-системот. Адаптацијата на сите нови податоци од тест сесиите кон лизгавата површина на патеката и постигнување добра управливост ќе биде од најголемо значење за постигнување на ултимативната цел - секој засебен систем на ПЕ да работи како една целина.
Овие карактеристики ќе стават акцент на возачот и негова правовремена реакција при ниски вртежи на моторот. Моторното сопирање треба да биде ефикасно на влез во кривините за да го забави доволно болидот, а со тоа да се намали притисокот на сопирачките, додека при излезот од нив турбото и новиот генераторот придвижуван од издувните гасови ќе треба да работат синхронизирано и перфектно за да се избегне задоцнета реакција на педалата за гас.
Кратките области на забрзување меѓу бавните кривини ќе го стават моторот под интензивен притисок, време кога генераторот придвижуван од издувните гасови ќе го полни акумулаторот на ERS-от. Ова ќе биде од клучно значење, бидејќи Мелбурн е патека со висока потрошувачка на гориво, т.е. таа е втора по ранг во календарот. Затоа за да се заврши трката треба мудро да се распредели потрошувачката на 100-те дозволени килограми гориво и во фокусот ќе биде максимизирањето на количеството на енергија добиено од новиот ERS-систем.
На првата трка тимовите треба да бидат што е можно пофлексибилни и да реагираат во од. Новите погонски единици се комплексни и има уште многу работа за да се научат како "дишат". Со само 5 мотори по возач за цела сезона, секоја ПЕ мора да биде способна да работи на три до четири трки.
Гумите на Пирели остануваат значајна алка за добра трка. Италијанците ги номинираа белите Медиум и жолтите Меки гуми за овој викенд, кои според нив се најпогодни за оваа улична патека. Како и сите гуми за 2014 сезоната, медиум и меките гуми се малку потврди и потрајни отколку нивните пандани од минатата година, но без намалени перформанси. Најоптеретена ќе биде левата задна гума, поради 10-те десни кривини и само шест леви. Минатата година, Кими Раиконен победи на трката од седмата стартна позиција со помош на две застанувања во боксот. Тоа беше одлучувачко за неговата победа, додека останатите ривали имаа три застанувања за промена на гумите.
Оптоварување на составните делови на погонската единица
Мотор | 4 |
MGU-K | 3 |
MGU-H | 3 |
Акумулатор | 3 |
Потрошувачка на гориво | 5 |
ERS-систем | 4 |