Мерцедес АМГ ја потврди фаворитската улога!!!
Долгоочекуваната Формула 1 2014 сезоната започна во раните утрински часови по Македонско време со двата слободни тренинзи за Австралиското Гран При. Фернандо Алонсо ја имаше честа да го забележи првото најбрзо време на сезоната на првиот слободен тренинг, и беше половина секунда побрз од Џенсон Батон со Мекларен. Веднаш зад нив следеа возачите на Вилијамс со само неколку стотинки зад времето на Батон.Ова беше последица на разочарувачкиот почеток на Мерцедес АМГ, со Нико Розберг само со шестото најбрзо време, а Луис Хамилтон веќе по 5 минути застана на патеката и сесијата беше завршена за него. Сензорите на неговиот болид забележале проблем со притисокот на маслото, и превентивно ја изгасиле ПЕ. Следеа детални проверки за да биде подготвен за вториот тренинг.
Добра вест од првиот тренинг е многу подобрената форма на Ред Бул, која се потврди и на вториот тренинг. За разлика од нив Лотус проба да излезе на патеката на само 20 минути до крајот на утринската сесија, кога Пастор Малдонадо успеа да извози само еден инсталациски круг пред да заврши во чакалот покрај патеката. Тој, но и неговиот тимски колега Роман Грожан беа меѓу петте возачи кои не успеаја да забележат време, што сугерира дека ги очекува многу работа, ако сакаат да стигнат до целта на неделната трка.
По драматичната утринска сесија, се си дојде на свое место на вториот тренинг кога Луис Хамилтон го забележа најбрзото време на денот, а веднаш зад него беше неговиот тимски колега Нико Розберг со заостанување од 0.150 стотинки. Како по обичај од тест сесиите еден болид на Ферари мора да е во топ 3, овојпат тоа беше Фернандо Алонсо на третото место. Неговиот тимски колега Кими Раиконен, по првичните проблеми, успеа да го забележи седмото најбрзо време.
Со новите прописи возачите имаат помалку потисна сила на располагање, додека турбо моторите обезбедуваат поголем вртежен момент, па тимовите се уште имаат проблеми да го пронајдат вистинскиот баланс на болидите. Најголемите проблеми ги имаат Лотус и Катерам, кои поминаа многу малку време на патеката. Кога би го опишале денешниот ден во една реченица, тоа би гласело вака - Мерцедес АМГ е напред, сите останати се зад нив!!! П.С. Кога болидот работи како треба.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Фернандо Алонсо Ферари 1:31.840 20
2. Џенсон Батон Мекларен 1:32.357 + 0.517 23
3. Валтери Ботас Вилијамс 1:32.403 + 0.563 27
4. Фелипе Маса Вилијамс 1:32.431 + 0.591 19
5. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:32.599 + 0.759 26
6 Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:32.604 + 0.764 17
7. Себастијан Ветел Ред Бул 1:32.793 + 0.953 10
8. Кевин Магнусен Мекларен 1:32.847 + 1.007 28
9. Кими Раиконен Ферари 1:32.977 + 1.137 18
10. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:33.446 + 1.606 30
11. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:33.533 + 1.693 23
12. Серџо Перез Форс Индија 1:33.855 + 2.015 24
13. Дањил Квјат Торо Росо 1:34.272 + 2.432 27
14. Естебан Гутиерес Заубер 1:35.578 + 3.738 7
15. Адријан Сутил Заубер 1:36.445 + 4.605 13
16. Жил Бјанки Марусија 1:40.859 + 9.019 6
17. Макс Чилтон Марусија 1:46.922 + 15.082 4
18. Маркус Ериксон Катерам без поставено време 1
19. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ без поставено време 1
20. Камуи Кобајаши Катерам без поставено време 1
21. Пастор Малдонадо Лотус без поставено време 2
22. Роман Грожан Лотус без поставено време
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:29.625 37
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:29.782 + 0.157 31
3. Фернандо Алонсо Ферари 1:30.132 + 0.507 28
4. Себастијан Ветел Ред Бул 1:30.381 + 0.756 41
5. Џенсон Батон Мекларен 1:30.510 + 0.885 33
6. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:30.538 + 0.913 38
7. Кими Раиконен Ферари 1:30.898 + 1.273 32
8. Валтери Ботас Вилијамс 1:30.920 + 1.295 38
9. Кевин Магнусен Мекларен 1:31.031 + 1.406 34
10. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:31.054 + 1.429 33
11. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:31.060 + 1.435 35
12. Фелипе Маса Вилијамс 1:31.119 + 1.494 31
13. Серџо Перез Форс Индија 1:31.283 + 1.658 36
14. Адријан Сутил Заубер 1:32.355 + 2.730 36
15. Естебан Гутиерес Заубер 1:32.468 + 2.843 26
16. Дањил Квјат Торо Росо 1:32.495 + 2.870 36
17. Жил Бјанки Марусија 1:33.486 + 3.861 29
18. Роман Грожан Лотус 1:33.646 + 4.021 12
19. Макс Чилтон Марусија 1:34.757 + 5.132 29
20. Маркус Ериксон Катерам без поставено време 1
21. Пастор Малдонадо Лотус без поставено време
22. Камуи Кобајаши Катерам без поставено време