Двата болиди на Мерцедес АМГ уште со почетокот на Q1 најавија дека денес нема да има изненадување за Пол позицијата забележувајќи ги најбрзите времиња, а во тој период Нико беше побрз од Хамилтон. Сите стартуваа на интермедиа гуми, само во Мекларен се решија за гуми за дожд, но тоа се покажа како грешна одлука, па мораа во боксовите по нови гуми. Пастор Малдонадо очекувано беше првиот што не успеа да помине во Q2, а него му се придружи и Адријан Сутил кој се уште не може да го контролира болидот на Заубер. Во Q1 квалификациите ги завршија и болидите на Катерам и Марусија. Маркус Ериксон имаше спектакуларен инцидент т.е. во обид да го подобри своето време заврши во бариерите покрај патеката, попат собирајќи едно од рекламните паноа, предизвикувајќи црвено знаме на 35 секунди до крај на сесијата. Швеѓанецот беше неповреден, иако неговиот болид имаше значителна штета во предниот дел.
Дождот продолжи да паѓа, но Q2 се одржа во предвидениот термин, а најбрз беше Луис Хамилтон. Во оваа сесија дуото на Ферари и Валтери Ботас започнаа на гуми за дожд. Како и во случајот со Мекларен во првата сесија и ова се покажа како погрешен избор, и при враќањето во боксовите Дањил Квјат се судри со Алонсо. Покажано беше црвено знаме, за да се исчистат остатоците од предното крило на болидот на Торо Росо. Болидот на Ферари имаше оштетување на предната амортизација, и првично сите помисливме дека тоа е крај за Шпанецот, но инженерите на Италијанскиот тим со голем напор по 6 минутниот прекин успеаа да го поправат болидот за понатамошно учество во сесијата. Единствено Ботас тврдоглаво остана на интермедиа гумите, за на самиот крај да промени на гуми на дожд, но веќе беше доцна.
Во финалната престрелка, Мекларен повторно се коцкаше, сега со интермедиа гуми, но Магнусен наскоро им јави на своите инженери дека е премногу влажни за нив. Сепак, Батон реши да остансо тие гуми, што не беше баш најпаметно од негова страна. Луис Хамилтон во првото излегување го забележа најбрзото време,кое подоцна се покажа како доволно добро за првата позиција, откако условите на патеката се влошија. Себастијан Ветел извозе импресивен круг и само со минимално заостанување мораше да се задоволи со старт од првиот ред, т.е. втората позиција. Нико Розберг со разочарувачки перформанси успеа да биде пред Фернандо Алонсо на вториот стартен ред.
Петтата стартна позиција му припадна на Даниел Рикиардо во вториот Ред Бул, пред Раиконен на шестата позиција. Топ 10 пласманот го комплетираа Нико Хулкенберг со Форс Индија, Кевин Магнусен, Жан-Ерик Верн на деветтата за Торо Росо, и Џенсон Батон со погрешната тактика од самиот почеток, на 10-тата стартна позиција.
По квалификациите стјуардите утврдија дека Ботас го попречувал Рикиардо за време на Q2 сесијата и за возачот на Вилијамс следуваше казна од три стартни место поназад за Големата Награда на Малезија која започнува утре во 10 часот по МК време.
(НАПОМЕНА: стрелките на часовникот вечер/рано наутро во 2:00 се поместувааt за еден час понапред.)
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:59.431
2. Себастијан Ветел Ред Бул 1:59.486 + 0.055
3. Нико Розберг Мерцедес АМГ 2:00.050 + 0.619
4. Фернандо Алонсо Ферари 2:00.175 + 0.744
5. Даниел Рикиардо Ред Бул 2:00.541 + 1.110
6. Кими Раиконен Ферари 2:01.218 + 1.787
7. Нико Хулкенберг Форс Индија 2:01.712 + 2.281
8. Кевин Магнусен Мекларен 2:02.213 + 2.782
9. Жан-Ерик Верн Торо Росо 2:03.078 + 3.647
10. Џенсон Батон Мекларен 2:04.053 + 4.622
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:59.041
11. Дањил Квјат Торо Росо 2:02.351 + 3.310
12. Естебан Гутиерес Заубер 2:02.369 + 3.328
13. Фелипе Маса Вилијамс 2:02.460 + 3.419
14. Серџо Перез Форс Индија 2:02.511 + 3.470
15. Валтери Ботас Вилијамс 2:02.756 + 3.715
16. Роман Грожан Лотус 2:02.885 + 3.844
Q1 Најбрзо време: Нико Розберг 1:57.183
17. Пастор Малдонадо Лотус 2:02.074 + 4.891
18. Адријан Сутил Заубер 2:02.131 + 4.948
19. Жил Бјанки Марусија 2:02.702 + 5.519
20. Камуи Кобајаши Катерам 2:03.595 + 6.412
21. Макс Чилтон Марусија 2:04.388 + 7.205
22. Маркус Ericsson Катерам 2:04.407 + 7.224
107% време: 2:05.385

