Мерцедес АМГ повторно со најбрзото време!!!
Малезиското Гран При повторно стартуваше во раните утрински часови по Македонско време со двата петочни тренинзи. Очекувано, барем за нас, најбрзото време го забележа Мерцедес АМГ со Нико Розберг, но неочекувана беше неговата мала предност пред Кими Раиконен и Себастијан Ветел, со второто т.е. третото најбрзо време.Луис Хамилтон го заврши вториот тренинг со 4-тото најбрзо време, иако на утринската сесија беше на врвот на табелата. Некои од аналитичарите на патеката Сепанг мислат дека Мерцедесите денот го посветиле на тестирање на издржливоста на болидите и дека возеле во мод на заштеда на гориво, па затоа не поставиле толку побрзи времиња од останатите. Дали е тоа така ќе знаеме на утрешниот тренинг.
Кими Раиконен го имаше второто најбрзо време и на двата тренинзи, со само 0.035 секунди зад Розберг и успеа да биде подобар од неговиот тимскиот колега Фернандо Алонсо со 5-тото најбрзо време. Дали Кими Раиконен се враќа во својата препознатлива форма, по неуспешниот старт на сезоната во Мелбурн, каде Ф14 Т не беше послушен во неговите раце, па немаше некои позабележителни времиња.
Светскиот шампион Себастијан Ветел конечно успеа да постави забележително и брзо време, завршувајќи го денот како трет најбрз, но повторно загриженост во редовите на Ред Бул, откако нивниот тимски шеф, Кристијан Хорнер, за Скај изјави дека имаат проблеми со сензорите за проток на гориво, и побарале да бидат сменети. Поради овие сензори неговиот тимски колега Даниел Рикиардо беше дисквалификуван на трката пред домашната публика. Денес, најверојатно со намален проток на горивото го забележа само седмото најбрзо време, а тука треба да биде и Себастијан Ветел, кој според нас најверојатно не ги почитувал отчитувањата на ФИА сензорот.
Фелипе Маса го имаше 6-тото најбрзо време, додека Валтери Ботас комплетираше 35 кругови, повеќе од било кој друг на патеката, но со релативно бавно време. Болидот на Вилијамс, кој изгледаше како втор најбрз пред почетокот на сезоната, никако да ги покаже очекуваните резултати. Денес и двајцата нивни возачи се жалеа на недостаток на грип на задните тркала од FW36. Болидот имаше некои надградби за овој викенд, но Маса изјави дека треба да работат на аеродинамиката на болидот за да не заостанат во борбата со ривалските тимови.
Мекларен со најмногу забележителни надградби на својот болид и комплетно редизајниран нос, кој естетски е многу погрд од претходниот. Но, донесените новини како да го забавија МП4-29, па Џенсон Батон беше осми најбрз, а Кевин Магнусен имаше големи проблеми. За време на утринската сесија беше принуден да се запре на патеката откако сензорите за температурата на издувните гасови ја исклучиле неговата погонска единица, а на вториот тренинг тој имаше неколку инсталациски круга на почетокот, за потоа да премине на медиум гумите, и само 12-то најбрзо време.
Но, тоа не беше ништо во споредба со проблемите на Лотус. Пастор Малдонадо не успеа да излезе на патеката на вториот тренинг, откако неговите инженери работеа на неговиот болид од кој при почетните инсталациски кругови на првиот тренинг почна да излегува чад, па така остана без поставено време. Роман Грожан помина малку подобро со неговиот Е22, утрината комплетираше 14 круга, додека само по неколку инсталациски круга на попладневниот тренинг мораше да запире на патеката, а неговиот инженер му кажа да го донесе болидот назад до гаражата во втора брзина.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:40.691 19
2. Кими Раиконен Ферари 1:40.843 + 0.152 20
3. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:41.028 + 0.337 19
4. Џенсон Батон Мекларен 1:41.111 + 0.420 20
5. Кевин Магнусен Мекларен 1:41.274 + 0.583 18
6. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:41.402 + 0.711 15
7. Себастијан Ветел Ред Бул 1:41.523 + 0.832 9
8. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:41.642 + 0.951 19
9. Фелипе Маса Вилијамс 1:41.686 + 0.995 23
10. Валтери Ботас Вилијамс 1:41.830 + 1.139 22
11. Фернандо Алонсо Ферари 1:41.923 + 1.232 14
12. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:42.117 + 1.426 20
13. Адријан Сутил Заубер 1:42.365 + 1.674 21
14. Дањил Квјат Торо Росо 1:42.869 + 2.178 21
15. Естебан Гутиерес Заубер 1:42.904 + 2.213 23
16. Жил Бјанки Марусија 1:43.825 + 3.134 18
17. Маркус Ериксон Катерам 1:45.775 + 5.084 24
18. Макс Чилтон Марусија 1:46.911 + 6.220 10
19. Камуи Кобајаши Катерам 1:51.180 + 10.489 5
20. Серџо Перез Форс Индија без поставено време 2
21. Пастор Малдонадо Лотус без поставено време 2
22. Роман Грожан Лотус без поставено време 4
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:39.909 30
2. Кими Раиконен Ферари 1:39.944 + 0.035 30
3. Себастијан Ветел Ред Бул 1:39.970 + 0.061 30
4. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:40.051 + 0.142 32
5. Фернандо Алонсо Ферари 1:40.103 + 0.194 29
6. Фелипе Маса Вилијамс 1:40.112 + 0.203 34
7. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:40.276 + 0.367 29
8. Џенсон Батон Мекларен 1:40.628 + 0.719 28
9. Валтери Ботас Вилијамс 1:40.638 + 0.729 35
10. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:40.691 + 0.782 34
11. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:40.777 + 0.868 33
12. Кевин Магнусен Мекларен 1:41.014 + 1.105 20
13. Адријан Сутил Заубер 1:41.257 + 1.348 28
14. Дањил Квјат Торо Росо 1:41.325 + 1.416 32
15. Естебан Гутиерес Заубер 1:41.407 + 1.498 34
16. Серџо Перез Форс Индија 1:41.671 + 1.762 25
17. Роман Грожан Лотус 1:42.531 + 2.622 14
18. Макс Чилтон Марусија 1:43.638 + 3.729 20
19. Жил Бјанки Марусија 1:43.752 + 3.843 29
20. Маркус Ериксон Катерам 1:45.703 + 5.794 31
21. Камуи Кобајаши Катерам без поставено време 0
22. Пастор Малдонадо Лотус без поставено време 0