Проблем за сите ќе бидат високите температури и големата влажност на воздухот, а краткотрајни врнежи се прогнозирани со 51% шанси за Петок, во време на почетокот на првиот и вториот слоботен тренинг. Сабота се очекуваат врнежи меѓу тренингот и стартот на Квалификациите со исто така 51%. Додека во недела не се прогнозирани врнежи, па треба да очекуваме трка на суво жешко време, со температури до 40 степен.
Сесиите на Малезиското ГП во минатото биле често прекинувани поради пороен дожд, а во 2009 година, беше сопрена и Трката кога беа доделени само половина поени. Грипот на патеката постепено ќе се зголемува во текот на викендот. По нејзиното преуредување во 2007 година стазата нема проблеми со нерамнини и ивичниците. Местата на кои е возможно најлесно претекнување се првата и петнаесетата кривина.
Новите ПЕ кои имаат големи потреби за ладење, комбинирано со високите температури на воздухот предивикуваат загриженост кај инженерите(особено на Рено), така што треба да се посвети внимание на точното ниво на ладење во болидите. Годинешните болиди потешко се контролираат како резултат на зголемениот вртежен момент и недостаток на грип, а ако заврне дожд тој проблем се зголемува повеќекратно, па затоа во фокусот ќе биде подесувањето на болидот за негово што подобро контролирање на патеката.
Сепанг е една од патеките каде со новите прописи се менува оптоварувањето на моторот. Во ерата на V8-те овие услови беа полесни за справување и не ги оптоваруваа многу моторите, но сега тоа ќе биде една од најтешките трки на годината. Од шесте главни компоненти на годинешните ПЕ, моторот ќе биде под најголем притисок во Малезија. На долги правци од по еден километар тие ќе работат на својот максимален број на вртежи, а турбото ќе биде во близина на 100.000 вртежи во минута над 10 секунди. Кога имаме нагли сопирања и забрзувања, потршувачката е голема, па затоа и на оваа трка ќе треба да се штеди на гориво.
Една од најжешките и најтешките трки и во поглед на гумите, поради абразивниот асфалт, па затоа од Пирели ги донесоа своите гуми со најтврдите смеши - портокаловите Тврди и Белите Медиум. Со high-downforce поставки на болидите, гумите треба да се справат со предизвикувачка комбинација на сили, кои водат кон механичка и термичка деградација. Најоптоварена ќе биде предната лева гума, а температурата на нагазната површина може да достигне до 120 степени целзиусови, со што се нагласува термичката деградација. Ако има обилни врнежи од Пирели потенцираат дека новите гуми за дожд оваа година истиснуваат 65 литри вода во секунда при 300км/ч што е за пет литри повеќе од минатата година.
Тимовите доаѓаат секој со свои проблеми, освен Мерцедес АМГ кој очекува да ја задржи предноста пред останатите Ф1 тимови и да ја повтори победничката прослава од Австралија, овој пат со двата свои болиди на подиумот. Ред Бул, како и останатите тимови придвижувани од Рено ПЕ, пак очекуваат дека проблемите ќе бидат решени и ќе можат да ја користат максималната моќ во борбата за што подобар пласман. Истото може да се каже и за Ферари ПЕ, кои се во потрага на вистинските перформанси.
Оптоварување на составните делови на погонската единица
Мотор | 4 |
MGU-K | 3 |
MGU-H | 4 |
Акумулатор | 3 |
Потрошувачка на гориво | 5 |
ERS-систем | 4 |