Потребата за дизајнирање на нов волан беше диктирана од страна на новите ПЕ за 2014 година, со посебен осврт на новиот систем за обновување на енергијата. Неговото воведување додаде комплексност и поголем број на параметри на кои возачите треба да внимаваат и управуваат.
ЕКРАН
Екранот на воланот за оваа година е нов, со повеќе информации на располагање за возачот на едно место. Претходниот екран беше многу сличен на оној од 70-тите години и личеше на калкулатор со црвен LED екран, кој се користеше помеѓу 2008 и 2013 година. Новиот волан комбинира модерни бои со OLED дисплеј. Главната карактеистика на новиот екран е што возачот може да бира кои параметри ќе се прикажуваат. Тоа може да биде се, од прикажување на брзините, па се до балансот на сопирачките.
Сега екранот е од суштинско значење, дозволувајќи им на возачите да следат бројни нешта што требаат за управувањето со болидот. Тој, исто така, му дава можност на тимот да потенцира нешто што возачот треба да го знае веднаш, во случај да има нешто од критично значење за безбедноста на болидот.
ЕСТЕТИКА
Воланот е помал и полесен од минатата година со поправоаголна форма. Секој возач има свои индивидуални преференци и барања за елементите како што се просторот зад воланот, лиени рачки и боите на копчињата.
СВЕТЛА
Светлата лево и десно од екранот се стандардни на ФИА, за црвено знаме, жолто знаме, сино знаме.
Светилките над екранот се подесуваат по желба на возачот, но генерално се користат како светла за менувачот.
РОТИРАЧКИ ПРЕКИНУВАЧИ
На воланот постојат вкупно девет ротирачки прекинувачи. Три се со ротационо бирање, додека останатите шест се конфигурирани да може да се ротираат само со помош на палецот, односно му овозможуваат на возачот да прави промени на поставките без да ја тргне својата рака од воланот.
ТРИ РОТИРАЧКИ ПРЕКИНУВАЧИ
СРЕДЕН ПРЕКИНУВАЧ- овозможува до 15 различни позици со кои возачот може да промени неколку подесувања на болидот од едно место. На пример, прилагодување на различните типови на гуми кои се користат во една трка.
ДЕСЕН ПРЕКИНУВАЧ – Се користи за контрола на голем број на подесувања на ПЕ, како што се управување со моќта на моторот во текот на трката или подесувања со ERS-системот.
ЛЕВ ПРЕКИНУВАЧ - Овозможува прилагодување на стратегиските подесувања за време на трката. На пример го вклучува начинот на распоредување на моќта добиена од системите за обновување на кинетичката и топлотната енергија.
ОСТАНАТИТЕ 6 РОТИРАЧКИ ОРЕКИНУВАЧИ
- Трите прекинувачи кои се вртат со палецот од десната рака се користат за прилагодувања на диференцијалот, промени на вртежниот момент во различни типови на кривини.
- Трите прекинувачи кои се вртат со палецот од левата рака се користат за подесувања на балансот на сопирачките и моторно кочење, прилагодување на педалата за гас и други подесувања.
КОПЧИЊА
- BB-/ BB + - Прилагодување на brake-by-wire системот за сопирање;
- ОТ – Копче за престигнување ;
- N – Лер;
- +10/+1 - Мултифункциски прекинувачи, кои се поставени во оптимална положба ;
- Radio – Се користи за радио комуникација на возачот со својот тркачки инженер;
- DRS – Активирање на DRS крилото;
- Limiter – Ограничувач на максималната брзина во боксовите;
- Marker – Се користи да се идентификува точка на интерес во податоците, како што е наведено од страна на возачот;
- PC / R – Се користи за потврда при влез во боксовите со испраќање на автоматско предупредување до гаражата. Ова им овозможува на членовите на тимот да се подготват за доаѓањето на болидот, без разлика дали тоа е најавено преку радио врските;
ПОВАЖНИ БРОЈКИ
- Потребни се околу шест недели да се направи воланот од почеток до крај;
- Времето потребно за сервисирање на воланот помеѓу тркачките викенди е околу 24 работни часа;
- Тимот на секоја трка носи по три волани за секој возач. Тие постојано се модифицираат за да одговараат на различни подесувања или параметри во текот на сезоната.
НЕДЕЛНО ЧЕТИВО: ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА НОВИОТ ВОЛАН НА W05
3/23/2014 12:32:00 PM
Share to other apps