Минатата недела на Австралиското Гран При, Даниел Рикиардо заврши на второто место, но беше дисквалификуван кога ФИА сензорот во неговиот болид покажа надминување на дозволената стапка на проток на горивото (100кг/ч).
Ред Бул тврди дека сензорот од официјалниот доставувач за Ф1 шампионатот е неисправен и покажува неточни резултати, како резултат на нова и недокажана технологија. Затоа, тимот поднесе официјален приговор на исклучувањето на Рикиардо.
Датумот за ова сослушување е одреден за 14 Април 2014 година. Тоа ќе се одржи во седиштето на ФИА во Париз и одлуката ќе биде објавена што е можно поскоро по сослушувањето.
СУДБИНАТА НА РИКИАРДО СЕ РЕШАВА НА 14 АПРИЛ
3/22/2014 01:52:00 PM
Tags
Share to other apps