Сите го научија "задникот" на W05 во детали
Луис Хамилтон со половина сили повторно со најбрзо време на петочните тренинзи, но не во така доминантна верзија како на минатата трка, а на првиот слободен тренинг Фернандо Алонсо со Ферари успеа да биде на врвот на табелата, за на вториот да биде само .150 стотинки побавен. Повторно и двајцата беа побрзи од своите тимски колеги, со што ги покажуваат своите возачи способности на дело. Даниел Рикиардо со четвртото најбрзо време зад Нико Розберг, но пред својот тимски колега со 5-тото најбрзо време.




Уште се смее колегава!?!
Дека тоа е така, во пракса ни демонстрираше Пастор Малдонадо, кој со својот болид заврши во бариерите покрај патеката. Тој ги подесувал параметрите на неговиот волан, кога што тој ја загуби контролата врз болидот. Малдонадо не успеа да ја заврши планираната програма, а за инцидентот изјави дека е негова грешка и додаде:"Има премногу работа да се направи при инсталациските кругови, но потоа се е во ред."Првото место на Фернандо Алонсо предизвикуваше насмевки кај Марко Матијачи, нивниот нов тимски шеф, кој го имаше своето прво појавување во својата нова улога. Но, да не биде се така идилично се погрижи болидот на Кими Раиконен, кој по само еден инсталациски круг се врати во гаражата, поради проблеми со предната амортизација. Многу проблеми и за останатите возачи, делумно и поради новите делови кои се испробуваа на болидите. Тоа беше случај и со Луис Хамилтон, кој имаше проблеми со балансот на болдиот, а Мерцедес АМГ пробуваа ново предно крило. Шанса им беше дадена и на неколку тест и резервни возачи.



При вториот тренинг се си дојде на свое место, Луис Хамилтон и покрај проблемите со предната амортизација, го постави најбрзото време на денот со меките гуми на Пирели. Останува впечатокот дека Мерцедес АМГ не форсираше премногу на денешните тренинг сесии, а најбрзиот круг на Нико Розберг беше проследен со жолти знамиња, кои сигрно имаа влијание на конечниот епилог.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Фернандо Алонсо Ферари 1:39.783 20
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:40.181 + 0.398 16
3. Даниел Рикардо Ред Бул 1:40.772 + 0.989 23
4. Џенсон Батон Мекларен 1:40.970 + 1.187 23
5. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:41.175 + 1.392 16
6. Кевин Магнусен Мекларен 1:41.366 + 1.583 20
7. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:41.505 + 1.722 26
8. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:41.560 + 1.777 9
9. Себастијан Ветел Ред Бул 1:41.629 + 1.846 19
10. Фелипе Маса Вилијамс 1:41.699 + 1.916 14
11. Дањил Квјат Торо Росо 1:41.977 + 2.194 23
12. Роман Грожан Лотус 1:42.090 + 2.307 24
13. Фелипе Наср Вилијамс 1:42.265 + 2.482 13
14. Гидо ван дер Гард Заубер 1:42.615 + 2.832 16
15. Серџо Перез Форс Индија 1:42.733 + 2.950 13
16. Пастор Малдонадо Лотус 1:43.731 + 3.948 22
17. Камуи Кобајаши Катерам 1:44.038 + 4.255 16
18. Естебан Гутиерес Заубер 1:44.162 + 4.379 17
19. Жил Бјанки Марусија 1:44.270 + 4.487 7
20. Макс Чилтон Марусија 1:44.782 + 4.999 20
21. Маркус Ериксон Катерам 1:44.835 + 5.052 22
22. Кими Раиконен Ферари без поставено време 1
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:38.315 25
2. Фернандо Алонсо Ферари 1:38.456 + 0.141 28
3. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:38.726 + 0.411 30
4. Даниел Рикардо Ред Бул 1:38.811 + 0.496 30
5. Себастијан Ветел Ред Бул 1:39.015 + 0.700 31
6. Фелипе Маса Вилијамс 1:39.118 + 0.803 25
7. Кими Раиконен Ферари 1:39.283 + 0.968 25
8. Џенсон Батон Мекларен 1:39.491 + 1.176 29
9. Роман Грожан Лотус 1:39.537 + 1.222 36
10. Дањил Квјат Торо Росо 1:39.648 + 1.333 26
11. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:39.736 + 1.421 30
12. Кевин Магнусен Мекларен 1:39.744 + 1.429 29
13. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:39.759 + 1.444 28
14. Валтери Ботас Вилијамс 1:39.830 + 1.515 25
15. Серџо Перез Форс Индија 1:40.124 + 1.809 32
16. Естебан Гутиерес Заубер 1:40.359 + 2.044 32
17. Адријан Сутил Заубер 1:40.395 + 2.080 30
18. Пастор Малдонадо Лотус 1:40.455 + 2.140 12
19. Жил Бјанки Марусија 1:42.327 + 4.012 27
20. Макс Чилтон Марусија 1:43.473 + 5.158 30
21. Камуи Кобајаши Катерам 1:43.530 + 5.215 32
22. Маркус Ериксон Катерам 1:43.679 + 5.364 32