Денес на патеката во Шангај дождот го имаше во текот на целиот ден, а возачите го имаа третиот слободен тренинг, иако со многу малку излегувања на патеката, да се навикнат на овие услови и ги подесат своите болиди за влажно време. Сепак, знаеме дека после квалификациите нема промени на болидите, па повеќето возачи направија компромис, со цел да бидат подготвени за најавената сува трка во утрешниот ден, но и дождот не е 100% исклучен.
Уште од Q1 сесијата Британецот најави дека е најсериозниот кандидат за првата позиција, а неговиот тимски колега, Нико Розберг, кој е единствениот што може да му парира, подлегна на притисокот и многу грешеше неможејќи да забележи нити еден добар круг. Шампионите се прават под притискок, а прашање е дали Германецот е од таков ков. На крај очекувано отпаднаа и двата болиди на Катерам и Марусија, придружувани сезонава со по еден болид на Заубер, а сега тоа беше Естебан Гутиерез. Пастор Малдонадо ќе стартува од последната позиција, затоа што по проблемите на третиот тренинг, неговите механичари не стигнаа да го поправат неговиот болид за да учествува на денешните квалификации.
Во Q2 отпаднаа два Шампиони, Кими Раиконен, кој никако не може да го скроти Ф14 Т во своите раце и Џенсон Батон со Мекларен МП4-29. Дањил Квјат ќе стартува 13-ти пред Адријан Сутил, Кевин Магнусен и Серџо Перез. Овојпат, дождот не им одговараше на болидите на Форс Индија.
Во последната сесија Луис Хамилтон комотно до пол позицијата, а неговиот тимски колега, Нико Розберг, при првиот брз круг се префорсира излета надвор од патеката, за подоцна и при вториот обид да се изврти на патеката, точно пред целната линија. Неговите први сектори ветуваа добро време, но на крај мораше да се задоволи со 4-тата стартна позиција.
Даниел Рикиардо ќе стартува од првиот ред, поставувајќи време за 6 десетинки побавно од Хамилтон при неговиот последен брз круг. Но, тој трет пат веќе го победува својот тимски колега, Себастијан Ветел, кој ќе стартува од третата позиција, пред вториот Мерцедес на Нико Розберг.
Фернандо Алонсо беше петти најбрз, но никогаш не беше ни блиску до првите 4 позиции, што значи дека ќе стартува од најдоброто можно место за него во овие квалификации. Зад него е дуото на Вилијамс, Фелипе Маса и Валтери Ботас на шестата и седмата позиција. Нико Хулкенберг се квалификуваше на осмата, пред болидот Жан-Ерик Верн, со болидот на Торо Росо. Топ 10 пласманот го заокружи Роман Грожан, кој за прв пат оваа сезона успеа својот Лотус Е22 да го внесе во Q3 сесијата.



П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:53.860
2. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:54.455 + 0.595
3. Себастијан Ветел Ред Бул 1:54.960 + 1.100
4. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:55.143 + 1.283
5. Фернандо Алонсо Ферари 1:55.637 + 1.777
6. Фелипе Маса Вилијамс 1:56.147 + 2.287
7. Валтери Ботас Вилијамс 1:56.282 + 2.422
8. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:56.366 + 2.506
9. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:56.773 + 2.913
10. Роман Грожан Лотус 1:57.079 + 3.219
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:54.029
11. Кими Раиконен Ферари 1:56.860 + 2.831
12. Џенсон Батон Мекларен 1:56.963 + 2.934
13. Дањил Квјат Торо Росо 1:57.289 + 3.260
14. Адријан Сутил Заубер 1:57.393 + 3.364
15. Кевин Магнусен Мекларен 1:57.675 + 3.646
16. Серџо Перез Форс Индија 1:58.264 + 4.235
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтонг 1:55.516
17. Естебан Гутиерес Заубер 1:58.988 + 3.472
18. Камуи Кобајаши Катерам 1:59.260 + 3.744
19. Жил Бјанки Марусија 1:59.326 + 3.810
20. Маркус Ериксон Катерам 2:00.646 + 5.130
21. Макс Чилтон Марусија 2:00.865 + 5.349
22. Пастор Малдонадо Лотус без поставено време
107% време: 2:03.602