Втората тренинг сесија беше прва од годинешниот календар што се одржа под рефлектори и започна во исто време за почеток на утрешните квалификации и неделната трка, со што им се даде можност на тимови да тренираат и да видат како ќе се однесуваат гумите на Пирели во ноќни услови и малку поладно време.
Даниел Рикиардо со болидот на Ред Бул беше најдобро пласиран болид со Рено ПЕ, а неговиот тимски колега го забележа седмо најбрзо време. За разлика од водечките, останатите возачи беа со мали разлики помеѓу нив, па така од Алонсо до Перез со 10-тото најбрзо време ги делеа само 3 десетинки.
Кими Раиконен повторно не успеваше да го заузда Ф14 Т и го заврши денот само со 14-то време. Болидот на Ферари многу малку му одговара на неговиот стил на возење. Се забавувавме со радио комуникацијата помеѓу Дањил Квјат и неговите инженери, кои требаше да му објаснуваат многу работи за кои отворено си кажуваше дека ништо не разбира.
Квалификациите започнуваат утре во 17 часот по македонско време, на кои веруваме дека првиот стартен ред е резервиран за дуото на Мерцедес АМГ.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:37.502 14
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:37.733 + 0.231 13
3. Фернандо Алонсо Ферари 1:37.953 + 0.451 17
4. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:38.122 + 0.620 10
5. Џенсон Батон Мекларен 1:38.636 + 1.134 16
6. Кими Раиконен Ферари 1:38.783 + 1.281 12
7. Кевин Магнусен Мекларен 1:38.949 + 1.447 15
8. Дањил Квјат Торо Росо 1:39.056 + 1.554 24
9. Серџо Перез Форс Индија 1:39.102 + 1.600 21
10. Себастијан Ветел Ред Бул 1:39.389 + 1.887 16
11. Фелипе Маса Вилијамс 1:39.533 + 2.031 11
12. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:39.862 + 2.360 26
13. Фелипе Наср Вилијамс 1:40.078 + 2.576 14
14. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:40.406 + 2.904 19
15. Адријан Сутил Заубер 1:40.652 + 3.150 20
16. Пастор Малдонадо Лотус 1:40.793 + 3.291 31
17. Жил Бјанки Марусија 1:40.895 + 3.387 20
18. Гидо ван дер Гард Заубер 1:40.913 + 3.411 20
19. Роман Грожан Лотус 1:41.036 + 3.534 24
20. Макс Чилтон Марусија 1:41.794 + 4.292 20
21. Робин Фринс Катерам 1:42.417 + 4.915 35
22. Маркус Ериксон Катерам 1:42.711 + 5.209 21
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:34.325 28
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:34.690 + 0.365 31
3. Фернандо Алонсо Ферари 1:35.360 + 1.035 28
4. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:35.433 + 1.108 28
5. Фелипе Маса Вилијамс 1:35.442 + 1.117 13
6. Џенсон Батон Мекларен 1:35.528 + 1.203 21
7. Себастијан Ветел Ред Бул 1:35.606 + 1.281 30
8. Дањил Квјат Торо Росо 1:35.640 + 1.315 31
9. Кевин Магнусен Мекларен 1:35.662 + 1.337 22
10. Серџо Перез Форс Индија 1:35.802 + 1.477 40
11. Валтери Ботас Вилијамс 1:35.920 + 1.595 9
12. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:35.972 + 1.647 33
13. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:35.998 + 1.673 18
14. Кими Раиконен Ферари 1:36.366 + 2.041 33
15. Адријан Сутил Заубер 1:36.962 + 2.637 13
16. Естебан Гутиерез Заубер 1:36.975 + 2.650 35
17. Пастор Малдонадо Лотус 1:37.259 + 2.934 25
18. Роман Грожан Лотус 1:37.599 + 3.274 23
19. Жил Бјанки Марусија 1:37.800 + 3.475 15
20. Макс Чилтон Марусија 1:38.247 + 3.922 10
21. Камуи Кобајаши Катерам 1:38.257 + 3.932 33
22. Маркус Ериксон Катерам 1:39.136 + 4.811 30