Шакир е модерна патека направена по највисоки стандарди, како и сите останати азиски патеки, кои се финансирани од моќните шеици. Асфалтната површина е составена од 60.000 тони увезен гранит од Англија, а најголем проблем е пустинската прашина која го намалува нивото на грип. Се карактеризира со четири долги правци, комбинирани со тесни и бавни свиоци. Амбиетална температура може да достигне до 45°C, што го прави ладењето на ПЕ како најголем приоритет. Миксот на бавни кривини на крајот од долгите правци значи дека тоа е една од најтешките патеки за сопирачките во целата сезона.
Следува уште една трка на многу топло време, а според искуството на инженерите од Рено Ф1 и неколку степени разлика помеѓу сесиите може да влијаат на балансот на новите погонските единици. Се разбира, фактот што оваа година имаме полу-ноќна трка, значи дека ќе имаме малку пониски температури, кои сепак се над 30°C во 19:00 часот т.е. кога ќе завршува трката.
Знаеме дека гумите имаат значително влијание на поредокот. Пирели за разлика од минатата сезона кога ги донесе двете најтврди компоненти од својата палета, сега ги носи меките и медиум смешите. Ова е поради тоа што тие очекуваат амбиенталната, како и температурите на патеката значително да опаѓаат во текот на трката, со што суштински би се смениле перформансите и деградацијата на гумите.
Бахреин ГП нема да биде лесна трка за Ф1 тимовите, но со победите на првите две трки, Мерцедес АМГ пристигнува полн со самодоверба и оптимизам за повторување на успехот. Мерцедес АМГ изгледа конкуренет како никогаш досега, а не гледаме тим кој би го загрозил во овие нивни намери, што е поразителен факт.
Оптоварување на составните делови на погонската единица
Мотор | 3 |
MGU-K | 3 |
MGU-H | 3 |
Акумулатор | 3 |
Потрошувачка на гориво | 2 |
ERS-систем | 3 |