Кристијан Хорнер, тимскиот шеф на Ред Бул, на оваа тема го изјави следното:
"Сензорот се расипша непосредно пред трката. Ние ја информиравме ФИА и ги прашавме на кој начин би можеле да го рестартираме, во време кога болидот веќе беше на патеката. Пробавме да го натераме да проработи, но не успеавме во тоа."
"Значи, сензорот не работеше за време на целата трка. Мислам дека тоа јасно покажува дека има сериозни проблеми со овие сензори."Додека ривалските тимови не се соочиле со ваков вид на проблеми на трката, Ред Бул се соочува, а Хорнер изјави дека не постои објаснување за тоа зошто неговиот тим страда повеќе од другите. Според него останатите молчат кога е во прашање овој хомологиран сензор за протокот на гориво.
"Немам идеја зошто. Очигледно има многу податоци кои се испраќаат од болидот, но, тоа не би требало да биде причината за расипувањето на сензорите. Секако, ние треба да го разгледаме и да ја најдеме причината за овие дефекти. По се изгледа сите останати тимови се задоволни од функционирањето на овој сензор"
"Но, Торо Росо имаа два дефекти на почетокот на викендот, а има и неколку други тимови. Тие се единствените за кои што знаеме и мислиме дека не сме единствените погодени со овие проблеми."Запрашан за очекувањата за трката во Бахреин, вели дека најверојатно Мерцедес АМГ ќе биде многу понапред отколку што беше во Малезија.
"Мислам дека нивната предност во Бахреин најверојатно ќе биде поголема отколку што беше во Малезија, бидејќи тоа е патеќа каде доминира моќта на ПЕ. Во вториот и третиот сектор во Малезија бевме блиску до нив, но првиот сектор беше местото каде што тие доминираа за време на целиот викенд. Во просек заостанувавме за половина секунда на двата долги правци. За разлика од Малезија, во Бахреин не врне често, што е лошо за Рено ПЕ, па ние ќе се обидеме да направиме онолку напредок колку што можеме ."

