Леле, леле што направив, четврта Победа и водство во генерален пласман на возачи!!!
Луис Хамилтон ја забележа својата четврта последователна победа ова сезона, но прва на Шпанското Гран При и повторно со добар старт од првата позиција ја поведе трката и со релаксирано возење ја помина целната линија. Импресивни четириесет секунди пред Ред Бул, но како тоа да не беше доволно па Ферари беше поминат за цел еден круг. Тоа покажува колку далеку е понапред Мерцедес АМГ оваа година, што не е баш добро за Формула 1 Шампионатот и неговата гледаност.
Нико Розберг на оваа трка беше поблиску до Британецот, но не можеше да направи ништо повеќе од второто место, а можеби на тоа кумуваше и Мерцедес АМГ со неговото задржување на патеката и изборот на различни статегии со гумите.
Даниел Рикиардо зацементиран на третото место, немаше сили да им парира на сребрените стрели, нити пак него некој го загрозуваше. Четвртото место на Себастијан Ветел по стартот од 15-тата стартна позиција, го сместува тимот на Ред Бул како втор најбрз во овој момент. Сезоната ја започнаа меѓу последните, а веќе напредуваат и се можеби најблискиот конкурент на Мерцедес АМГ.
Германецот ги заслужува сите пофалби за тоа што тој го постигна на оваа трка, спектакуларно возење и импресивни претекнувања во последниот стинт на Кими Раиконен и Валтери Ботас. Оваа трка треба да ги замолчи неговите критичари, а можеби ќе можеше да направи и нешто повеќе ако не беа проблемите со менувачот на квалификациите и казната од 5 стартни места.
Вилијамс со повремени блесоци на некој од своите возачи, на оваа трка Валтери Ботас со 5-тото место. Ферари губи чекор со водечките и можеби е единствениот тим кој не може да напредува.
Во вторник започнува втората дводневна сезонска тест сесија на истата оваа патека. Заубер и Торо Росо ќе ги тестираат 2015 гумите на Пирели на првиот ден, а следниот ден превземаат тимовите на Форс Индија и Мекларен.
Следната трка е Големата Награда на Монако за 14 дена.



Голема награда на Шпанија, Барселона.
66 круга, 307.104км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. Возач Тим Време
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1ч41:05.155
2. Нико Розберг Мерцедес AMG + 0.636
3. Даниел Рикиардо Ред Бул + 49.014
4. Себастијан Ветел Ред Бул + 1:16.702
5. Валтери Ботас Вилијамс + 1:19.293
6. Фернандо Алонсо Ферари + 1:27.743
7. Кими Раиконен Ферари + 1 круг
8. Роман Грожан Лотус + 1 круг
9. Серџо Перез Форс Индија + 1 круг
10. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1 круг
11. Џенсон Батон Мекларен + 1 круг
12. Кевин Магнусен Мекларен + 1 круг
13. Фелипе Маса Вилијамс + 1 круг
14. Дањил Квјат Торо Росо + 1 круг
15. Пастор Малдонадо Лотус + 1 круг
16. Естебан Гутиерес Заубер + 1 круг
17. Адријан Сутил Заубер + 1 круг
18. Жил Бјанки Марусија + 2 круга
19. Макс Чилтон Марусија + 2 круга
20. Маркус Ериксон Катерам + 2 круга
Најбрз круг: Себастијан Ветел - 1:28.918
БЕЗ ПЛАСМАН:
Возач Тим При круг
Камуи Кобајаши Катерам 34
Жан-Ерик Верн Торо Росо 24
Генерален Пласман по 5-та трка:
Возачи: Конструктори:
1. Луис Хамилтон 100 1. Мерцедес АМГ 197
2. Нико Розберг 97 2. Ред Бул 84
3. Фернандо Алонсо 49 3. Ферари 66
4. Себастијан Ветел 45 4. Форс Индија 57
5. Даниел Рикиардо 39 5. Вилијамс 46
6. Нико Хулкенберг 37 6. Мекларен 43
7. Валтери Ботас 34 7. Торо Росо 8
8. Џенсон Батон 23 8. Лотус 4
9. Кевин Магнусен 20
10. Серџо Перез 20
11. Кими Раиконен 17
12. Фелипе Маса 12
13. Роман Грожан 4
14. Жан-Ерик Верн 4
15. Дањил Квјат 4


