Сончевото време донесе побрзи кругови и поактивни програми за повеќето тимови, па така имавме тимови и со комплетирани 100 круга. Еден од најзафатените на патеката беше тест-возачот на Мекларен, Стофел Фандорне, кој помина 600 километри, двапати повеќе од потребните 300 за супер-лиценца од ФИА.
На вториот ден Мерцедес АМГ го тестираа новиот дизајн на ауспухот на W05 Hybrid со кој требаше да се зголеми бучавата генерирана од новите ПЕ, но општиот заклучок беше дека тој не функционира баш најдобро. Фотографии и видеа имате на нашата ФБ страна, па може да процените и самите!!! Во исто време, ФИА ангажирала тим на инженери по акустика кои биле присутни на тест сесија, кои подоцна треба да предложат промени за поголема "гласност" на новите ПЕ.
Ова беше прва вистинска можност за Сузи Волф да седне зад воланот на FW36 и да научи многу за тоа како треба да се возат овие нови хибридни болиди, кои се многу различни од претходните сезони:
"Со болидот од минатата година, кој имав шанса да го пробам на патеката Фиорано, колку повеќе притискаш на педалата за гас, толку побрзо ќе се движиш, но сега со новите болиди треба да се внимава на многу повеќе елементи. Болидите, исто така, имаат многу повеќе вртежен момент и тоа ме изненади на почетокот на сесијата. Имавме продуктивен ден за тимот и брзо ја завршивме нашата планирана програма за аеро и механичка проценка на некои делови. Јас бев во можност да поминам добра километражата и да ги разберам карактеристиките на болдиот и како да го добијам максимумот од новата ПЕ."
БАРСЕЛОНА - ВТОР ТЕСТ ДЕН
ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | КРУГОВИ | ТИП НА ГУМИ |
Пастор Малдонадо | Лотус | 1:24.871 | 102 | Супер-Меки Нови |
Нико Розберг | Мерцедес АМГ | 1:25.805 | 102 | Медиум Нови |
Кими Раиконен | Ферари | 1:26.480 | 94 | Меки Нови |
Естебан Гутиерес | Заубер | 1:26.972 | 85 | Меки Нови |
Сузи Волф | Вилијамс | 1:27.280 | 55 | Меки Нови |
Жил Бјанки | Марусија | 1:27.718 | 55 | Меки Нови |
Себастијан Ветел | Ред Бул | 1:27.973 | 73 | Медиум Нови |
Даниел Хункадеља | Форс Индија | 1:28.278 | 91 | Прототип |
Стофел Фандорне | Мекларен | 1:28.441 | 136 | Медиум Нови |
Дањил Квјат | Торо Росо | 1:28.910 | 21 | Тврди Нови |