Формула Е е сосема нов Шампионат на ФИА во кој ќе се натпреваруваат болиди напојувани исклучиво со електрична енергија. Тоа претставува визија за иднината на автомобилската индустрија во текот на следните децении, и ќе служи како поле за истражување и развој на електричните возила, забрзување на општиот интерес за овие автомобили и промовирање на нивната одржливост.
Почнувајќи во септември 2014 до јуни 2015 година, тимовите ќе се натпреваруваат во срцето на некои од водечките градови во светот, вклучувајќи ги Лондон, Пекинг и Лос Анџелес, каде возачите ќе се тркаат околу нивните иконични знаменитости. За инаугуративната сезона, овој мотоспорт ќе има 10 тимови, претставени со по двајца возачи. ФИА оди на создавање на уникатен и возбудлив тркачки шампионат дизајниран да создаде нова генерација на мотоспортот фанови.
Работат како "Отворено првенство", a серијата им дава можност на производителите на автомобили да ги покажат своите иновации од оваа област, но со технички спецификации утврдени од страна на ФИА. Шампионатот ќе се заснова на три основни вредности: енергија, животна средина и забава, и претставува фузија на инженерство, технологија, спорт, наука, дизајн, музика и забава, кои се стремат кон електрична иднина во мотоспортот.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.