2014 АВСТРИЈА ГП
Ова е посeбна патека на која се менуваат многу бавни свиоци и делови со голема брзина каде што моторот е во максимална моќност. Тракцијата и страничните сили, особено во свиоците 5 и 6, обезбедуваат средно до високо оптоварување за гумите, што бара високо ниво на латерална поддршка од структурата и конзистентност на смешите. Болидите се подесени за максимална потисна сила.
Оваа сила која притиска надолу врз болидот доведува до големи вертикални оптоварувања на структурата на гумата, особено на нерамните правци и во областите за сопирање. Низ свиоците, комбинацијата од потисна сила и грип генерирa високо ниво на странични сили, кои заедно со вертикалните оптоварувања значат тешки услови за работа на гумите.
Асфалтот на оваа патека, не е особено груб. Со ниско ниво на абразивност и ниски температури кои се очекуваат, два фактори кои влијаат на однесувањето на гумите во голема мера, е можна појава на грејнинг, особено кога патеката не е "гумирана".