За Луис Хамилтон, никако да помине без проблеми со болидот на последните неколку квалификациони сесии, додека минатиот викенд успеа да помине барем во Q2, денес не отиде подалеку од Q1 сесијата. Мерцедес ПЕ прегреа и предизвика пожар на задниот дел од неговиот болид (Update: Пожарот предизвикан од скинато црево за довод на горивото). Тој ќе стартува од 21-та позиција, а позади него е само Пастор Малдонадо кој исто така е без поставено време поради проблеми со неговиот Е22.
Вториот ред за Валтери Ботас со Вилијамс и вториот болид на Ред Бул со Даниел Рикиардо. Во Q3 сесијата заврна дожд, колку да му го уништи денот на Кевин Магнус и предниот дел на неговиот Мекларен.
Третиот стартен ред резервиран за поранешните тимски колеги Фернандо Алонсо и Фелипе Маса. Џенсон Батон ќе стртува од 7-та позиција пред Жан-Ерик Верн на 8-та. Топ 10 пласманот го заокружија Нико Хулкенберг со Форс Индија и Кевин Магнусен без поставено време поради излетувањето во кривината 1, на почетокот од Q3 сесијата.
Разочарувањето на денот го имаше Кими Раиконен, а на одговорните во Ферари не им иде паметот, па така си дозволија по кој знае кој пат нова лоша проценка и Финецот мораше да го напушти својот Ф14 Т веќе по првата сесија.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:22.715
2. Себастијан Ветел Ред Бул 1:23.201 + 0.219
3. Валтери Ботас Вилијамс 1:23.354 + 0.538
4. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:23.391 + 0.674
5. Фернандо Алонсо Ферари 1:23.909 + 0.733
6. Фелипе Маса Вилијамс 1:24.223 + 1.037
7. Џенсон Батон Мекларен 1:24.294 + 1.109
8. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:24.720 + 1.425
9. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:24.775 + 1.474
10. Кевин Магнусен Мекларен без поставено време
Q2 Најбрзо време: Нико Розберг 1:23.310
11. Дањил Квјат Торо Росо 1:24.706 + 1.396
12. Адријан Сутил Заубер 1:25.136 + 1.826
13. Серџо Перез Форс Индија 1:25.211 + 1.901
14. Естебан Гутиерес Заубер 1:25.260 + 1.950
15. Роман Грожан Лотус 1:25.337 + 2.027
16. Жил Бјанки Марусија 1:27.419 + 4.109
Q1 Најбрзо време: Жан-Ерик Верн 1:24.941
17. Кими Раиконен Ферари 1:26.792 + 1.851
18. Камуи Кобајаши Катерам 1:27.139 + 2.198
19. Макс Чилтон Марусија 1:27.819 + 2.878
20. Маркус Ериксон Катерам 1:28.643 + 3.702
21. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ без поставено време
22. Пастор Малдонадо Лотус без поставено време
107% време: 1:30.886