Веднаш по стартот Кими Раиконен имаше страшен инцидент, беше покажано црвено знаме и трката беше стопирана речиси еден час, поради репарирање на заштитните бариери. Финецот излезе надвор од патеката при Aintree свиокот и при обидот да се врати на патеката изгуби контрола врз задниот дел на неговиот болид и со голема брзина заврши во заштитните бариери, а сензорите покажале силината на ударот од 47G. По ударот тој се одби повторно на патеката, Камуи Кобајаши успеа да го избегне, но на него налета Фелипе Маса со голема брзина. Кими Раиконен заврши без никакви скршеници, по почетните болки во глуждот и колкот.
Фернандо Алонсо имаше интересен старт на трката, која ја започна од промашена позиција, половина болид по линијата која ја означуваше стартната позиција, што по рестартот на трката тој беше под истрага на стјуардите кои го казнија пет секунди стоење во боксот. Тоа како да го мотивираше Шпанецот па можеби го имаше најдоброто претекнување на трката, кога во 34 круг го помина Себастијан Ветел.
По откажувањето на Розберг победникот беше решен, што не ни дозволи да гледаме интересна битка, а тоа беше во најава по различните пит-стоп стратегии на двата Мерцедес АМГ болиди. На крај победничката стратегија на Хамилтон беше две застанувања во бокс, но остатокот од подиумот и седум возачи од Топ 10 пласманот се решија на едно застанување за промена на гуми, на патеката која беше најавена како една од најтешките во сезоната за гумите на Пирели. Даниел Рикиардо, кој заврши трет, својот последниот сет на медиум гуми направи да траат импресивни 37 круга.
Ф1 тимовите остануваат во Силверстоун за двата сезонаски тест дена во вторник и среда. Со 2014 прописите, секој тим мора да се посвети еден од сезонските тест денови за тестирање на Пирели гумите, како оваа Италијанската компанија би била во можност да ги развива своите идни производи. Ферари и Марусија ќе тестираат за нив во вторник, додека Ред Бул и Лотус ќе ги преземат овие должности во среда. Лотус ќе ги испроба најавените поголеми 18-инчни гуми на Пирели, со цел да обезбеди увид во она што Формула 1 може да очекува во иднина.
Голема Награда на Британија, Силверстоун
52 круга, 306.198км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 2ч26:52.094
2. Валтери Ботас Вилијамс + 30.135
3. Даниел Рикиардо Ред Бул + 46.495
4. Џенсон Батон Мекларен + 47.390
5. Себастијан Ветел Ред Бул + 53.864
6. Фернандо Алонсо Ферари + 59.946
7. Кевин Магнусен Мекларен + 1:02.563
8. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1:28.692
9. Дањил Квјат Торо Росо + 1:29.340
10. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 1 круг
11. Серџо Перез Форс Индија + 1 круг
12. Роман Грожан Лотус + 1 круг
13. Адријан Сутил Заубер + 1 круг
14. Жил Бјанки Марусија + 1 круг
15. Камуи Кобајаши Катерам + 2 круга
16. Макс Чилтон Марусија + 2 круга
17. Пастор Малдонадо Лотус + 3 круга
НАЈБРЗ КРУГ: Луис Хамилтон - 1:37.136
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ При круг
Нико Розберг Мерцедес АМГ 29
Маркус Ериксон Катерам 12
Естебан Гутиерес Заубер 10
Фелипе Маса Вилијамс 2
Кими Раиконен Ферари 1
Генерален пласман по 9 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Нико Розберг 165 1. Мерцедес АМГ 326
2. Луис Хамилтон 161 2. Ред Бул 168
3. Даниел Рикиардо 98 3. Ферари 106
4. Фернандо Алонсо 87 4. Вилијамс 103
5. Валтери Ботас 73 5. Форс Индија 91
6. Себастијан Ветел 70 6. Мекларен 90
7. Нико Хулкенберг 63 7. Торо Росо 15
8. Џенсон Батон 55 8. Лотус 8
9. Кевин Магнусен 35 9. Marussia 2
10. Фелипе Маса 30
11. Серџо Перез 28
12. Кими Раиконен 19
13. Жан-Ерик Верн 9
14. Роман Грожан 8
15. Дањил Квјат 6
16. Жил Бјанки 2