Хунгароринг е патека на која многу од Ф1 возачите ја забележале својата Прва Ф1 Победа, Фернандо Алонсо во 2003 година, Џенсон Батон во 2006 година. Дејмон Хил, исто така, ја забележа својата Прва Ф1 Победа во Унгарија, во болидот на Вилијамс, далечната 1993 година. Тој беше првиот син на светски шампион кој Победил на Ф1 трка.
Со 14 свиоци и само еден вистински правец, Хунгароринг за Ф1 тимовите претставува сличен проблем со кој се среќаваат и во Монте Карло, како да се максимизира и зголеми потисната сила врз болидот. Оптималниот аеродинамичен грип ќе биде резултат на подесувањата од страна на тимовите, но, овде голема улога игра механичкиот грип кој во голема мера ќе зависи од новите гуми на Пирели. На оваа трка возачите ќе имаат избор на меки или медиум гуми.
И покрај тоа што Хунгароринг е тешка патека за претекнување, според статистиката, Пол позицијата не е од клучно значење. Така, од 2005 година, возачот кој стартувал од првата позиција, бил победник на трката само три пати, а тоа е никој друг туку Луис Хамилтон.
Во шампионатот на возачите, сегашниот лидер Нико Розберг, ќе има шанса да ја забележи својата прва Победа на патеката на која досега се нема искачено на највисокото скалило од Подиумот, и да има мирен летен распуст. Возачот кој е во најдобра форма на оваа патека е секако неговиот тимски колега Луис Хамилтон, кој има 4 Победи и тоа во 2007, 2009, 2012, 2013 година, и се наоѓа на делба на првото место според Победи со Седумкратниот Шампион, Михаел Шумахер. Во битката на конструктори, Мерцедес АМГ има голема предност пред Ред Бул на второ место, со речиси 99.99% освоена титула.
Оптоварување на составните делови на погонската единица
Мотор | 2 |
MGU-K | 3 |
MGU-H | 4 |
Акумулатор | 4 |
Потрошувачка на гориво | 3 |
ERS-систем | 5 |