Трка за Нико Розберг беше упропастена уште пред стартот, т.е. пред да започне формацискиот круг кога неговите механичари открија проблем на неговиот болид. Германецот не можеше да го стартува болидот, па мораше да биде истуркан до боксовите и да се проба со старт од пит линијата по рестартирањето на електрониката.
Луис Хамилтон со добар старт ја задржа водечката позиција, пред одличниот старт на Фернандо Алонсо кој стигна до второ место пред Себастијан Ветел и Даниел Рикиардо, кои немаа баш совршен старт. Нико Розберг на задниот дел од поредокот се бореше да го помине болидот на Марусија, а неговите кругови беа со екстремно бавни времиња. Наскоро стана јасно дека проблемот е во неговиот волан и дека единственото нешто што работи на него е менувањето на брзини, но со скокање на две одеднаш при секој клик на лопатката за менување брзини. Му беа потребни 14 круга да се увери дека ништо не бидува од поправката на воланот, па мораше и дефинитивно да се откаже од трката.
"Тоа беше ужасно чувство", изјави Розберг. "Целиот волан не работеше. Ја немав моќта на ЕРС-от, се менувааа две брзини во еден момент, и на крај немаше поента да се продолжи. Навистина тежок ден. Јас сум разочаран од денешната трка, а издржливоста на болидите е слаба точка за нашиот тим. Ние мора да ја пронајдеме причината на овој проблем и да продолжиме кон иднината. Комплетен напад за Сузука."
Следевме уште една многу напната и возбудлива трка, каде што различните стратегии имаа голема улога во конечниот пласман. Како и секогаш досега повторно имавме излегување на безбедносното возило, кое претставуваше проблем за Луис Хамилтон: "Tрката се одвиваше прилично добро до излегувањето на безбедносното возило, што ми создаде одредени проблеми. Форсирав за да ја зголемам разликата, но, одеднаш не бев сигурен што да правам, да продолжам со форсирањето или да намалам и да ги сочувам гумите. Реагиравме со промена на истите, па излегов зад Себ. Но, знаевме дека тие се на стратегија од два пит-стопа и дека нивните гуми беа стари. Разликата беше мала, пробав да претекнам на тој дел од патеката и ми успеа. Потоа се беше лесно."
Луис Хамилтон со неговата 29-та Победа во Ф1 кариерата, и осма за Мерцедес АМГ го превзеде водството во генералниот пласман на возачи со три бодови предност пред својот тимски колега. Следната рунда од нивниот дуел е во Јапонија, трка која е закажана за 5-ти Октомври.
Голема Награда на Сингапур, Марина Беј
61 круга, 308.965км., Време: Ноќна трка.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 2ч00:04.795
2. Себастијан Ветел Ред Бул + 13.534
3. Даниел Рикиардо Ред Бул + 14.273
4. Фернандо Алонсо Ферари + 15.389
5. Фелипе Маса Вилијамс + 42.161
6. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 56.801
7. Серџо Перез Форс Индија + 59.038
8. Кими Раиконен Ферари + 1:00.641
9. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1:01.661
10. Кевин Магнусен Мекларен + 1:02.230
11. Валтери Ботас Вилијамс + 1:05.065
12. Пастор Малдонадо Лотус + 1:06.915
13. Роман Грожан Лотус + 1:08.029
14. Дањил Квјат Торо Росо + 1:12.008
15. Маркус Ериксон Катерам + 1:34.188
16. Жил Бјанки Марусија + 1:34.543
17. Макс Чилтон Марусија + 1 круг
НАЈБРЗ КРУГ: Луис Хамилтон - 1:50.417
БЕЗ ПЛАСМАН:
Џенсон Батон Мекларен 52
Адријан Сутил Заубер 40
Естебан Гутиерес Заубер 17
Нико Розберг Мерцедес АМГ 13
Камуи Кобајаши Катерам не стартуваше
Генерален пласман по 14 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Луис Хамилтон 241 1. Мерцедес АМГ 479
2. Нико Розберг 238 2. Ред Бул 305
3. Даниел Рикиардо 181 3. Вилијамс 187
4. Фернандо Алонсо 133 4. Ферари 178
5. Себастијан Ветел 124 5. Форс Индија 117
6. Валтери Ботас 122 6. Мекларен 111
7. Џенсон Батон 72 7. Торо Росо 27
8. Нико Хулкенберг 72 8. Лотус 8
9. Фелипе Маса 65 9. Марусија 2
10. Кими Раиконен 45
11. Серџо Перез 45
12. Кевин Магнусен 39
13. Жан-Ерик Верн 19
14. Роман Грожан 8
15. Дањил Квјат 8
16. Жил Бјанки 2