На почетокот од Q1 сесијата, Ферари го диктираше почетното темпо, со Алонсо пред Кими Раиконен. Нико Розбер имаше инцидент кога при сопирање мораше да излезе надвор од патеката, за среќа на место кое го дозволува тоа. За разлика од него, со време доволно само за четвртата позиција, Луис Хамилтон без поголеми напори се искачи на самиот врв од табелата.
Мерцедесите се понадеваа дека ќе стигнат до Q2 на меките гуми, но големата разлика помеѓу нив и супер-меките гуми од повеќе од две секунди, ги натера за прв пат оваа сезона да се префрлат на помеката смеша како би поминале понатака.
Ред Бул чекаа 10 минути од сесијата, кога беше јасен изборот на кои гуми треба да се користат, но тоа можеше да го чини Ветел испаѓање веќе во таа прва сесија, поради големата гужва на патеката и бавниот Торо росо на Дањил Квјат пред него, што предизвика нервозна гестикулација од страна на Германецот кон Рускиот руки возач.
На крајот од 18-минутната Q1 сесија со најбрзо време беше Кими Раиконен, две стотинки подобро од тимскиот колега Алонсо, и 0.136с. од третопласираниот Хамилтон. Елиминирани беа, Адријан Сутил, Пастор Малдонадо, Жил Бјанки, но речиси за секунда побрз од Камуи Кобајаши, втората Марусија на Макс Чилтон и последнопласиран како по обичај беше Маркус Ериксон.
Со почетокот на Q2 сесијата повторно Ферари меѓу најбрзите, Раиконен го имаше најбрзото време до 1:46.359. Наскоро беше засенет од Алонсо, кој беше побрз за 0.031с. Првиот брз круг на Нико Розберг беше доволно само за трето место, но затоа Луис Хамилтон го наметна Мерцедес АМГ како најсериозенкандидат за Пол позицијатана забележувајќи го најбрзото време. Кога имаше обезбедено сигурно проаѓање во Q3 неочекувана одлука за Нико Розберг да излезе на патеката за нов брз круг и најбрзо време во втората сесија. Борбата за првите 10 стартни позиции беше најнеизвесна од целата сезона, а пример за тоа е Дањил Квјат кој кој обезбеди последното место за Q3, за само 0.020с. пред Џенсон Батон.
Останатите елиминирани беа Жан-Ерик Верн, Нико Хулкенберг, Естебан Гутиерес, Серџо Перез и Роман Грожан.
По првите брзи кругови во Q3 со најбрзо време изненадувачки беше Фелипе Маса, пред Даниел Рикиардо и Фернандо Алонсо. Кими Раиконен беше четврти пред Ботас, додека Хамилтон беше најбрз за Мерцедес АМГ, со 6-то време, пред Розберг кој беше седми.
Прв на патеката за својот втор брз круг беше Кими Раиконен, но следеше катастрофален удар за Финецот, кога неговиот болид ја изгуби моќта на ПЕ и беше принуден да се врати во боксот, што за него беше крај на сесијата. Рикиардо го имаше првото мерено време и најбрзо во тој момент, но брзо беше надминат од Фелипа Маса. Нико Розберг со седум круга стари гуми го постави најбрзото време, но се до комплетирањето на брзиот круг на неговиот колега, Луис Хамилтон, кој му ја украде првата позиција за само 0.007 делови од секундата. Одговор на Нико кога го дозна тоа беше "Damn it..." т.е. по нашки "Да му се сневиди..."
Факт е дека на оваа патека тешко се претекнува и на четири од шест трки победникот стартувал од Пол позицијата, па така Луис Хамилтон ќе стартува со најгиолеми шанси на утрешната трка, која започнува во 14:00 часот по македонско време.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА СИНГАПУР
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:45.681
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:45.688 + 0.007
3. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:45.854 + 0.173
4. Себастијан Ветел Ред Бул 1:45.902 + 0.221
5. Фернандо Алонсо Ферари 1:45.907 + 0.226
6. Фелипе Маса Вилијамс 1:46.000 + 0.319
7. Кими Раиконен Ферари 1:46.170 + 0.489
8. Валтери Ботас Вилијамс 1:46.187 + 0.506
9. Кевин Магнусен Мекларен 1:46.250 + 0.569
10. Дањил Квјат Торо Росо 1:47.362 + 0.681
Q2 Најбрзо време: Нико Розберг 1:45.825
11. Џенсон Батон Мекларен 1:46.070 + 0.245
12. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:46.110 + 0.285
13. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:46.157 + 0.332
14. Естебан Гутиерес Заубер 1:46.279 + 0.454
15. Серџо Перез Форс Индија 1:46.588 + 0.763
16. Роман Грожан Лотус 1:46.692 + 0.867
Q1 Најбрзо време: Кими Раиконен 1:46.685
17. Адријан Сутил Заубер 1:48.324 + 1.639
18. Пастор Малдонадо Лотус 1:49.063 + 2.378
19. Жил Бјанки Марусија 1:49.440 + 2.775
20. Камуи Кобајаши Катерам 1:50.405 + 3.720
21. Макс Чилтон Марусија 1:50.473 + 3.788
22. Маркус Ериксон Катерам 1:52.287 + 5.602
107% време: 1:54.152