Пласман кој тешко може да се повтори и оваа сезона!!!
По летната пауза Формула 1 се врати со две легендарни трки и завршница на Европскиот дел за оваа сезона, не сметајќи го Руското Гран При кое ќе се одржи во месец Октомври. После трката во Спа-Франкоршамп, тимовите заминаа директно кон Монца за она што ќе биде тринаесетта трка оваа сезона - Италијанското Гран При.Оваа патека е една од класиците на Формула 1, изградена е во далечната 1922 година и е една од двете тековни патеки кои што биле домаќини и во инаугуративната сезона на Ф1 шампионатот во 1950 година. Првотo Италијанското ГП се одржало во 1921 година во Бреша, со Jules Goux како Победник, а потоа во 1922 оваа трка се сели во Монца.
Оригиналната Монца имала над 10 километри, и од дамнешни времиња го има епитетот за храм на брзината со просечни брзини кои достигнуваат до 250км/ч. Максималната брзина се очекува да надмине 360км/ч., па растојанието од 300 км се завршува во најкус рок од целата сезона. Добрата максимална брзина е многу важна за да се постигне добар резултат.
Монца е домашна трка за Пирели, која се наоѓа само половина час возење од матичните канцеларии на компанијата во Милано, каде што се дизајнирани гумите за оваа година. Аеродинамичната потисна сила е значително намалена оваа година, што значи дека гумите треба да го генерираат поголемиот дел од грипот, што е од суштинско значење за наоѓање на вистинскиот сет-ап. Пирели ги носи своите две најтврди смеши со портокаловите тврди и белите медиум гуми.
Големата Награда на Италија која ќе се одржи во недела, ќе биде 65-та по ред, исто така, домашна патека и за Ферари, на која имаат 18 Победи, 19 Пол позиции и 64 подиуми. Но, Фернандо Алонсо претставникот на Италијанците на денешната прес конференција, изјави дека според хиерархијата која владее денес, добриот резултат ќе биде многу тежок за остварување и ова ќе биде најтешката трка за нив.
Со две Пол позиции и Победа во Монца, Луис Хамилтон може да биде оптимист во врска со неговите шанси да ја намали разликата со неговиот тимски колега Нико Розберг, кој допатува со предност од 29 поени во генералниот пласман на возачи. Тоа ќе биде нивно прво соочување по инцидентот од минатата трка, кое ќе даде одговор дали војната е завршена или штотуку ќе се распламтува. Повторно очекуваме доминација на болидите со Мерцедес ПЕ, но најмногу од Мерцедес АМГ тимот.
Најавената претумбација на најдобрите возачи на денешницата е ставена во мирување по изјавата на Алонсо дека најверојатно останува во Ферари. Извори блиски на Хамилтон очекуваат тој да остане во Мерцедес АМГ, а единствено Ветел размислува за Мекларен, но со мали шанси да го напушти тимот со кој освои 4 Шампионски Титули, барем за наредната сезона.
Оптоварување на составните делови на погонската единица
Мотор | 5 |
MGU-K | 3 |
MGU-H | 4 |
Акумулатор | 3 |
Потрошувачка на гориво | 3 |
ERS-систем | 3 |