Како што најавивме ова е домашна трка за Ферари, па Италијанците од петни жили ќе настојуваат да постигнат добар резултат. Во Катерам повторно дадоа шанса на дебитант во Формула 1, а тоа на оваа трка е Роберто Мери, но само за првиот слободен тренинг. За оваа трка се враќа Камуи Кобајаши за останатиот дел од викендот. За првиот тренинг Гидо Ван дер Гард го возеше болидот на Адријан Сутил, Чарлс Пик на Роман Грожан и Даниел Хункадеља на Серџо Перез.
Монца од оваа сезона има значајна промена на нејзината најпозната карактеристика - Најбрзиот свиок Параболика - каде внатрешниот дел од површината за излетување која беше исполнета со чакал сега е асфалтирана поради безбедносни причини.
Пирели за оваа патека ги донесе тврдата и медиум компонента за кои верува дека ќе се справат со огромните оптоварувања на гумите. Најбрзите времиња на овој тренинг секако беа поставени на портокаловите тврди гуми, на сува патека со делимично облачно време.
Тренингот помина без поголеми инциденти, со многу инсталациски кругови и мали излетувања надвор од патеката, а редоследот го имате во приложената табела. Вториот слободен тренинг започнува во 14:00 МК.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ

ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГОВИ |
1. Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:26.187 | 25 | |
2. Џенсон Батон | Мекларен | 1:26.810 | + 0.623 | 27 |
3. Нико Розберг | Мерцедес АМГ | 1:26.995 | + 0.808 | 26 |
4. Фернандо Алонсо | Ферари | 1:27.169 | + 0.982 | 23 |
5. Кевин Магнусен | Мекларен | 1:27.228 | + 1.041 | 30 |
6. Себастијан Ветел | Ред Бул | 1:27.271 | + 1.084 | 27 |
7. Кими Раиконен | Ферари | 1:27.493 | + 1.306 | 27 |
8. Серџо Перез | Форс Индија | 1:27.687 | + 1.500 | 13 |
9. Дањил Квјат | Торо Росо | 1:27.741 | + 1.554 | 33 |
10. Нико Хулкенберг | Форс Индија | 1:28.112 | + 1.595 | 23 |
11. Естебан Гутиерез | Заубер | 1:28.114 | + 1.925 | 21 |
12. Валтери Ботас | Вилијамс | 1:28.148 | + 1.927 | 20 |
13. Фелипе Маса | Вилијамс | 1:28.150 | + 1.963 | 21 |
14. Жан-Ерик Верн | Торо Росо | 1:28.300 | + 2.113 | 30 |
15. Гидо ван дер Гард | Заубер | 1:28.429 | + 2.242 | 19 |
16. Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:28.487 | + 2.300 | 12 |
17. Даниел Хункадеља | Форс Индија | 1:29.192 | + 3.005 | 10 |
18. Пастор Малдонадо | Лотус | 1:29.512 | + 3.325 | 24 |
19. Макс Чилтон | Марусија | 1:30.017 | + 3.830 | 25 |
20. Жил Бјанки | Марусија | 1:30.081 | + 3.894 | 27 |
21. Чарлс Пик | Лотус | 1:30.125 | + 3.938 | 23 |
22. Роберто Мери | Катерам | 1:30.704 | + 4.517 | 29 |
23. Маркус Ериксон | Катерам | 1:30.948 | + 4.761 | 16 |