Скудерија Ферари, т.е. одделот за Формула 1 - Gestione Sportiva, се наоѓа во период на промени, кој кулминира со заминувањето на долгогодишниот претседател на тимот Лука ди Монтеѕемоло, чие место го презеде Серџо Маркионе, генералниот директор на Фиат. Претходно, од тимот замина и шефот на тимот Стефано Доменикали, кој беше заменет со Марко Матијачи.
По сето ова, италијанските медиуми тврдеа дека Алонсо е очаен и сака да си замине, и дека во Ферари се подготвени да го ангажираат Себастијан Ветел, нешто што веднаш беше демантирано од Германецот, а пред викендот во Сингапур и од Фернандо Алонсо, кој им се налути на Италијанските медиуми.
"Немам што да додадам. Понекогаш е тажно што вакви вести доаѓаат од Италија и создаваат лоша атмосфера, која сигурно не му помага на Ферари. Јас подолго време се обидувам да создадам добра атмосфера во тимот играјќи кошарка, покер и што е друго потребно. Коментирам за мојата иднина веќе 13 месеци, и немам што ново да кажам. Не знам која е целта на овие вести."
По најавите од Рено дека потрошувачката на гориво може да има голема улога во трката, Шпанецот вели дека не чувствува дека тоа би можело да биде проблем.
"Точно е дека гориво ќе биде на лимитот и ние ќе треба да штедиме малку повеќе, но тоа би требало лесно да се контролира, особено што патеката Марина Беј овозможува да се заштеди гориво прилично лесно во споредба со други патеки, бидејќи обично сме безбедни од потези за претекнување."
Најголемата вест за Ферари по трката во Монца беше заминувањето на Лука ди Монтеѕемоло.
"Тој многу години беше наш лидер и тоа беше одлично време за Ферари. Му посакувам добра среќа со новите проекти, исто така и на новиот претседател, му посакувам многу среќа и се надевам многу успешна иднина."
АЛОНСО СЕ НАЛУТИ НА ИТАЛИЈАНСКИТЕ МЕДИУМИ
9/18/2014 06:14:00 PM
0
Share to other apps