2014 СИНГАПУР ГП ОД АСПЕКТ НА ФЕРАРИ
Eвропскиот дел на оваа сезона е зад нас, Формула 1 циркусот го напушти својот дом и се упати кон Источните краишта на земјината топка, за последните 6 трки. Првата од овие трки се одржува на Марина Беј патеката во Сингапур каде што моќта и максимална брзина не се клучните фактори, како што ни објаснува Пет Фрај, главниот инженер на Скудерија Ферари.
"По двете трки во СПА и Монца, каде болидите беа подесени да работат на многу ниска потисна сила, ние сега одиме во Сингапур, кој е сосема на другиот крај на спектарот. Тоа е улична патека која бара многу висока потисна сила, каде што ќе се вози на меките и супермеките гуми на патека со слични карактеристики како во Монако. Не постојат свиоци кои се поминуваат со голема брзина, па затоа предизвик при подесувањето на болидот е забрзувањето на правците и добрата тракција."
Двете најзначајни карактеристики на викендот во Сингапур се дека дејството се случува во текот на ноќта и, бидејќи тоа се тропски предели, таму е многу жешко. Со текот на годините прилагодувањето на ноќта се покажа како лесно, но жештината е тешка за поднесување за возачите, тимскиот персонал и болидите.
"Иако тоа е ноќна трка, температурите се многи високи, често над 30-от степен, што ја отежнува работата на системите за ладење на моторот и ЕРС-системот. Покрај тоа, нејзината старт-стоп природа многу го оптоварува и системот за сопирање, а особено оптоварување трпат предните сопирачки."
Карактеристиките на оваа 5.065 километарска улична патека би требало подобро да одговараат на F14 Т од брзите патеки во изминатиот месец. Сепак, ништо не може да се земе здраво за готово, во текот на она што се смета за еден од најтешките настани во календарот, па мотивацијата во Италијански тим е на највиското можно ниво.
"Монца беше тежок викенд за нас. Така да, ние сега се прегрупираме и ќе настојуваме да одиме напред, концентрирајќи се на добивање на најдобрите резултати од пакетот што го имаме. Додека тимот сака да ја завршиме сезоната на што повисоко скалило во класификацијата на конструкторите, постојат и некои други работи кои би требало да се развиваат до самиот крај на сезоната. Во оваа фаза на шампионатот, фокусот во фабриката се менува повеќе кон болидот за следната година. Затоа во текот на следниот викенд во Сингапур и останатите трки ние ќе носиме некои специфични тест компоненти за следната година, а најдоброто тестирање е на самата патека."