Бразилецот ди Граси ја украде победата по спектакуларниот судир во последниот круг и последната кривина на дотогаш водечкиот Никола Прост од тимот на E.dams-Renault и Ник Хајдфелд кој вози за тимот на Venturi. Рабниците на спектакуларен начин го лансираа во бариерите покрај патеката, но тој остана неповреден. Возачот на Андрети тимот, Франк Монтањи заврши како втор со заостанување од речиси три секунди, а на третото скалило од победничкиот подиум се искачи Сем Бирд од Virgin Racing, по дисквалификацијата на Даниел Абт, тимски колега на победникот, поради потрошувачка на повеќе од 28KW енергија. Чудно, и ова ФИА го ограничила, штедење на електрична енергија.
Лукас ди Граси изјави: "Прво, јас сум среќен што Ник [Хајдфелд] е во ред и тоа покажува колку се безбедни овие болиди. Не видов што се случи пред мене, но ова е исполнување на еден сон. Имав среќа да бидам на право место во право време. Тимот направи одлична работа во текот на целиот настан, да, направивме неколку грешки, но сега јас сум исклучително среќен што сум Првиот Победник на Формула Е трка."
Алехандро Агага, извршниот директор на Формула Е, вели: "Пред две години ФИА имаше визија за создавање на шампионатот во кој ќе има блиска борба, забава и одржливост. Овој викенд, таа визија стана реалност. Да се видат 20 целосно електрични болиди кои итаат кон првиот свиок беше многу посебен момент за мене и за сите кои се вклучени во организацијата на шампионатот. Ние навистина веруваме дека со овој викенд се одбележува една нова ера на мотоспортот која го прифаќа одржлива мобилност и ние сме многу благодарни на сите наши инвеститори, тимови, возачи, партнери, организатори на трки, персонал, и се разбира на ФИА, што ни помогнаа да го направиме тоа со голем успех. Се разбира, јас исто така би сакал да му честитам на Лукас ди Граси, Првиот Формула Е Победник. Она што е поважно за нас е дека Формула Е е најголемата дигитална трка во светот со вистински трки. Ние сме горди да објавиме дека во текот на овој ePrix имавме телевизиска публика од 40 милиони низ целиот свет, 75.000 луѓе на патеката и повеќе од една милијарда социјални интеракции."
Да потсетиме, Формула Е е нов шампионат на целосно електрични болиди, создаден да привлече нова генерација на моторспорт фанови. Трките ќе се одржуваат во центарот на најпознатите светски градови, се користат целосно електрични болиди способни за брзини над 225 км/ч. Десетте тимови привлекоа и некои од најпознатите имиња во мотоспортот, вклучувајќи ги Алан Прост и Мајкл Андрети, заедно со големите поддржувачи на чистата животната средина, како Сер Ричард Бренсон. Како возачи имаме низа на поранешни Формула 1 ѕвезди како Јарно Трули, Џејми Алгуерсуари, Себастијан Буеми, Лукас ди Граси и Бруно Сена, внук на големиот Аиртон. Организаторите се надеваат дека новата серија ќе помогне да се зголеми интересот за електричните возила и промовирање на нивната одржливост, како и забрзување на развојот на технологија со која моментално се располага во овој сегмент на автоиндустријата, која со текот на времето, ќе се инкорпорира во патничките електрични возила на пазарот.
Втора трка на новиот Формула E Шампионат ќе се одвива во Градот Путраџаја, Малезија, на 22 Ноември 2014 година.
Beijing Evergrande Spring ePrix
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Лукас ди Граси АБТ 52:23.413
2. Франк Монтањи Андрети + 2.867
3. Сем Бирд Вирџин + 6.559
4. Чарлс Пик Андрети + 19.301
5. Карун Чандок Махиндра + 23.952
6. Жером д`Амброзио Драгон + 31.664
7. Ориол Сервиа Драгон + 41.968
8. Нелсињо Пике Кина + 43.896
9. Стефан Сарацин Вентури + 43.975
10. Даниел Абт АБТ +1:02.507
11. Џејми Алгуерсуари Вирџин +2:00.613
12. Никола Прост e.dams + 1 Круг
13. Ник Хајдфелд Вентури + 1 Круг
14. Микела Церути Трули + 1 Круг
15. Кетрин Леџ Агури + 1 Круг
16. Хо-Пин Тунг Кина + 2 Круга
НАЈБРЗ КРУГ: Такума Сато - 1:45.101
БЕЗ ПЛАСМАН:
Такума Сато Агури
Себастијан Буеми e.dams
Јарно Трули Трули
Бруно Сена Махиндра
Генерален пласман по 1 трка:
Возачи: Конструктори:
1. Лукас ди Граси 25 1. Андрети 30
2. Франк Монтањи 18 2. Ауди Спорт АБТ 26
3. Сем Бирд 15 3. Вирџин 15
4. Чарлс Пик 12 4. Драгон 14
5. Карун Чандок 10 5. Махиндра 10
6. Жером д`Амброзио 8 6. Кина 4
7. Ориол Сервиа 6 7. е.дамс Рено 3
8. Нелсињо Пике 4 8. Вентури 2
9. Никола Прост 3 9. Амлин Агури 2
10. Стефан Сарацин 2
11. Такума Сато 2
12. Даниел Абт 1