Монтеземоло кажа збогум на Ферари!!!
Непосредно по неговиот 67-ми роденден и најавите дека не размислува за напуштање на Ферари, неочекуван/очекуван пресврт со официјално соопштение на веб страната на Ферари. Монтеземоло реши дека е подобро сам да замине, отколку да биде сменет од неговата функција, што се очекуваше во текот на утрешниот ден. Лука Кордеро ди Монтеѕемоло заминува од својата позиција како претседател на Ферари, а неговото место ќе биде преземено од страна на Серџо Маркионе. Целата работа била забрзана поради излегувањето ФИАТ групацијата на Њујоршката Берза, закажана за 13 Октомври, и по неочекуваната јавна конфронтација помеѓу Маркионе и Монтеѕемоло.
"Ферари ќе има важна улога во рамките на ФИАТ/КРАЈСЛЕР групацијата во наредната флотација на Вол Стрит. Ова ќе отвори нова и различна фаза која сметам дека треба да биде предводена од главниот извршен директор на Групацијата. Ова е крај на една ера и така се решив да ја напуштам мојата позиција како претседател по речиси 23 прекрасни и незаборавни години во прилог на оние поминати на страната на Енцо Ферари во `70-тите."
" Благодарност, прво и основно, на исклучителните жени и мажи од фабриката, канцелариите, тркачките патеки и на пазарите ширум светот. Тие се вистинските архитекти на спектакуларниот раст на компанијата, многуте незаборавни победи и нејзината трансформација во еден од најсилните светски брендови. Топло збогум и благодарност, исто така, на сите наши технички и комерцијални партнери, нашите дилери низ целиот свет и, особено, клиентите и колекционерите чија страст јас сесрдно ја споделувам. Но, моите мисли се насочени и кон нашите фанови кои секогаш не поддржуваа со голем ентузијазам, особено низ најтешките моменти за Скудерија."
"Ферари е најубавата компанија во светот. Голема привилегија и чест е да се биде нејзин лидер. Го посветив целиот мој ентузијазам и напорна работа кон него во текот на годините. Заедно со моето семејство, тоа беше и продолжува да биде, најважното нешто во мојот живот. Им посакувам на акционерите, особено Пјеро Ферари кој секогаш беше на моја страна, и сите во компанијата многу години на успехот, а тоа е она што Ферари го заслужува."