Трката стартуваше под безбедносното возило поради влажните временски услови, за да следува 15 минутното црвено знаме. Безбедносното возило се тргна на крајот од 9-от круг. Нико Розберг на првото место имаше проблеми со подуправливоста на својот болид, па беше лесна мета за Луис Хамилтон, кој невообичано смирен и не ризикувајќи премногу го престигна на крајот од стартно/целната линија во 29 круг од трката. Германецот уште еднаш губи во директен дуел на патеката, што би можело да се покаже како пресудно за титулата. Нико Розберг и покрај проблемите со слабото темпо, успеа да се задржи на второто место, но доклку трката не завршеше 9 круга пред крај сигурно ќе беше притиснат од Себастијан Ветел на третото и Даниел Рикиардо на четвртото место. Австралијанецот успеа да го помине својот тимски колега, но кога се стопира трка, важечки е редоследот од претходниот комплетиран круг.
Како што дождот се интензивираше во завршните фази на трката, Адријан Сутил изгуби контрола врз неговиот Заубер при седмиот(Dunlop) свиок и заврши во бариерите. Еден круг потоа и покрај двојните жолти знамиња за предупредување на возачите, Жил Бјанки на истото место изгубил контрола врз болидот на Марусија, но, тоа не беше прикажано во ТВ-от пренос.
Следуваше излегување на Безбедносното возило, а покрај него и на медицинскиот автомобил. Во тие моменти не беша јасно што се случува и кој е повреден, па сите шпекулации беа дека можеби некој од редарите настрадал при излетувањето на Сутил, кој видевме дека излегува од болидот неповреден. Подоцна се дозна дека Жил Бјанки на истото место удрил во кранот кој беше навлезен пред бариерите за да го тргне Зауберот. Младиот Французин беше во несвест во тоа време и по првата помош во медицинакиот центар на Сузука, беше однесен во локалната болница со возилото на брза помош.
Од Чарли Вајтинг стигна соопштение дека трката нема да биде продолжена. ТВ камерите за време на траењето на црвеното знаме, во нити еден момент не покажаа што се случи и како излета Жил Бјанки. Победничката церемонија не помина во весело расположение и без прскање со шампањ на подиумот.
Луис Хамилтон со неговата 30-та Победа во Ф1 кариерата го зголеми водството во генералниот пласман на возачи на 10 бодови предност пред својот тимски колега. Следната рунда ќе се одвива во Русија, трка која е закажана за 12-ти Октомври.
Голема Награда на Јапонија, Сузука
53 круга, 308.965км., Време: Дождливо.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1ч51:43.021
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 9.180
3. Себастијан Ветел Ред Бул + 29.122
4. Даниел Рикиардо Ред Бул + 38.818
5. Џенсон Батон Мекларен + 1:07.550
6. Валтери Ботас Вилијамс + 1:53.773
7. Фелипе Маса Вилијамс + 1:55.126
8. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1:55.948
9. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 2:07.638
10. Серџо Перез Форс Индија + 1 круг
11. Дањил Квјат Торо Росо + 1 круг
12. Кими Раиконен Ферари + 1 круг
13. Естебан Гутиерез Заубер + 1 круг
14. Кевин Магнусен Мекларен + 1 круг
15. Роман Грожан Лотус + 1 круг
16. Пастор Малдонадо Лотус + 1 круг
17. Маркус Ериксон Катерам + 1 круг
18. Макс Чилтон Марусија + 1 круг
19. Камуи Кобајаши Катерам + 1 круг
НАЈБРЗ КРУГ: Луис Хамилтон - 1:51.600
БЕЗ ПЛАСМАН:
Жил Бјанки Марусија 42
Адријан Сутил Заубер 41
Фернандо АЛонсо Ферари 3
Генерален пласман по 15 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Луис Хамилтон 266 1. Мерцедес АМГ 522
2. Нико Розберг 256 2. Ред Бул 332
3. Даниел Рикиардо 193 3. Вилијамс 201
4. Себастијан Ветел 139 4. Ферари 178
5. Фернандо Алонсо 133 5. Форс Индија 122
6. Валтери Ботас 130 6. Мекларен 121
7. Џенсон Батон 82 7. Торо Росо 29
8. Нико Хулкенберг 76 8. Лотус 8
9. Фелипе Маса 71 9. Марусија 2
10. Серџо Перез 46
11. Кими Раиконен 45
12. Кевин Магнусен 39
13. Жан-Ерик Верн 21
14. Роман Грожан 8
15. Дањил Квјат 8
16. Жил Бјанки 2