Но, тоа даде дополнителен шмек на релативно досадната трка, а сите ние го следевме извонредниот напредок на Германецот низ поредокот, при тоа користејќи ги медиум гумите на Пирели цели 52 круга, забележувајќи го неговото најбрзо време на еден круг од крајот на трката. На крај моќниот Мерцедес W05 Hybrid му го овозможи второто место, но прашање е дали веќе ги има шансите за Титулата.
Патеката во Сочи беше многу нежна со гумите на Пирели, со неверојатно многу ниска стапка на абење и деградација. Адријан Сутил, со боидот на Заубер, го имаше рекордот од 40 круга на меките гуми.
Повеќето возачи стартуваа на меките гуми, со Серџо Перез како највисок стартер на медиум гумите, од 12-тата позиција. Тој заврши 23 круга на својот прв сет на гуми, пред да премине на побрзите меки гуми, кои на крајот на трката му го донесоа 10-тото место. Тој се бореше со Фелипе Маса, највисоко пласираниот возач со две застанувања во бокс за промена на гуми, кој заврши на 11-тото место по старт од 18-тата стартна позиција.
Луис Хамилтон со неговата 31-ва Победа во Ф1 кариерата го зголеми водството во генералниот пласман на возачи на 17 бодови предност пред својот тимски колега. Следната рунда ќе се одвива во Америка, на патеката во Остин, на 2-ри Ноември.
Голема Награда на Русија, Сочи
53 круга, 304.356км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1ч51:43.021
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 13.657
3. Валтери Ботас Вилијамс + 17.425
4. Џенсон Батон Мекларен + 30.234
5. Кевин Магнусен Мекларен + 53.616
6. Фернандо АЛонсо Ферари + 1:00.016
7. Даниел Рикиардо Ред Бул + 1:01.812
8. Себастијан Ветел Ред Бул + 1:06.185
9. Кими Раиконен Ферари + 1:18.877
10. Серџо Перез Форс Индија + 1:20.067
11. Фелипе Маса Вилијамс + 1:20.877
12. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1:21.309
13. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 1:37.295
14. Дањил Квјат Торо Росо + 1 круг
15. Естебан Гутиерез Заубер + 1 круг
16. Адријан Сутил Заубер + 1 круг
17. Роман Грожан Лотус + 1 круг
18. Пастор Малдонадо Лотус + 1 круг
19. Маркус Ериксон Катерам + 2 круга
НАЈБРЗ КРУГ: Валтери Ботас - 1:40.896
БЕЗ ПЛАСМАН:
Камуи Кобајаши Катерам 23
Макс Чилтон Марусија 11
Генерален пласман по 16 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Луис Хамилтон 291 1. Мерцедес АМГ 565
2. Нико Розберг 274 2. Ред Бул 342
3. Даниел Рикиардо 199 3. Вилијамс 216
4. Валтери Ботас 145 4. Ферари 188
5. Себастијан Ветел 143 5. Мекларен 143
6. Фернандо Алонсо 141 6. Форс Индија 123
7. Џенсон Батон 94 7. Торо Росо 29
8. Нико Хулкенберг 76 8. Лотус 8
9. Фелипе Маса 71 9. Марусија 2
10. Кевин Магнусен 49
11. Серџо Перез 47
12. Кими Раиконен 47
13. Жан-Ерик Верн 21
14. Роман Грожан 8
15. Дањил Квјат 8
16. Жил Бјанки 2